Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило насилство врз лекар-гинеколог во приватна ординација во состав на поликлиниката „Букурешт“.
Според обвинителството, инцидентот се случил на 16 септември, кога осомничениот, додека лекарот бил на работното место, му се заканувал и физички го нападнал со повеќе удари. Со нападот, како што се наведува, предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.
Станува збор за случајот во кој гинекологот Дејан Огненовиќ претходно за „Сител“ сведочеше дека бил нападнат во својата ординација во поликлиниката „Букурешт“ во скопски Карпош. По нападот, според медицинската документација од ТОАРИЛУЦ, тој се здобил со скршеница на вториот вратен пршлен, а имал и потешкотии со вилицата и движењето на рацете.
Огненовиќ тогаш посочил дека нападот следел по низа закани кои, според неговите зборови, ги добивал во претходниот период. Тој раскажал дека напаѓачот влегол во ординацијата додека прегледувал пациентки, најпрво му се заканувал, а потоа физички го нападнал.
Гинеколог физички нападнат во ординација додека прегледувал пациенти
Гинекологот Дејан Огненовиќ бил физички нападнат во својата ординација во поликлиниката „Букурешт“ во скопски Карпош, при што се здобил со скршеница на вториот вратен пршлен. За случајот докторот сведочеше за Сител, посочувајќи дека нападот следел по низа закани што, како што вели, ги добивал во изминатиот период.Според сведоштвото на Огненовиќ за Сител, напаѓачот влегол во ординацијата додека тој прегледувал пациентки. Најпрво му упатил вербални закани, а потоа физички го нападнал.Докторот за С
Скопје | пред 1 ден
Докторот исто така изјавил дека смета оти нападот можеби е поврзан со обид да биде отстранет од ординацијата, при што како можна причина ја посочил конкуренцијата. Според неговите наводи, неколку дена пред нападот две жени со бели медицински мантили и црна лента ги покриле камерите од видеонадзорот, а претходно бил пресечен и интернет-кабелот.
Случајот бил пријавен во полицијата на 16 септември. Огненовиќ тогаш изјавил дека стравува за својата безбедност и безбедноста на семејството.
Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои и мерка со која на осомничениот би му било забрането да му се приближува на оштетениот и на ординацијата.