Отворена истрага за осомничен кој направил импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

DSC_0008

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот го приспособил најгорниот кат од својот дом во Козле за одгледување растенија од типот Cannabis, при што направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.

При претрес на домот на осомничениот била  пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и ќеси, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон  или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања