Промени тема
Контакт

Отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на Свети Кирил и Методиј”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
izloz-3

Во Куќата на Уранија- МАНУ, синоќа свечено беше отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на светите Кирил и Методиј” . На свеченоста , во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани со животот и делото на светите Кирил и Методиј.

-Особено сме почестени што пријателите од Република Словачка со оваа изложба, ни го збогатија чествувањето на денот на ,, Св.Климент Охридски- патронот на Охрид”, изложба која го поврзува нивното дело со делото на нивните ученици, светите Климент и Наум Охридски. Тоа е чин на продолжување на веќе воспоставената соработка и верувам дека со нашето присуство на триесеттото јубилејно издание на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во истоимената црква во Словачкиот град Терхова, соработката ќе ја продлабочиме – рече градоначалникот Стојаноски.

— реклама —

Фотографиите на Павол Демеш го презентираат учеството на солунските браќа во трите големи мисии кај Арабите, Хазарите и мисијата по Велика Моравија. Фотографиите ги документираат спомениците сочувани од нивниот период , или посветени на нив.

-Со Република Македонија негуваме посебни меѓудржавни односи, во кои морам да признаам дека посебно не инспирираа заедничките вековни културно- историски врски. Ако не биле светите Климент и Наум Охридски, многу помалку ќе знаевме за делото на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои во 1980-та година , папата Јован Павле Втори , ги прогласи за покровители на Европа. Токму затоа, ние Охрид го чувствуваме како центар на ширењето на сесловенската писменост и култура и како мотив за продолжување на воспоставенат соработка. – рече амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.

— реклама —

Кураторот на изложбата Стојан Лекоски, кој потекнува од Охрид, а живее и работи во Словачка, истакна дека првпат фотографиите се изложени во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија.

— реклама —

Во културно-уметничката програма , на свеченото отворање на изложбата, настапија младата флејтистка Анета Матеска , под менторство на професорката Ирена Веруш и пијанистката и директор на ОМУ,,Методи Патче” Емилија Маринова. Изложбата, како што беше најавено, покрај редовните , деновиве организирано ќе ја посетуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања