Промени тема
Контакт

Отворена новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Potrosuvaci_pres_15.12-2-scaled-1

Денес на прес конференција беше претставена работата на новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Претседателот на оваа организација, Вангел Спироски, зборувајќи за работата на новата канцеларија во рамките на Општина Охрид истакна:

– Во рамките на локалната самоуправа, Советот за заштита на потрошувачите на ниво на единиците на локалната самоуправа согласно ЗЗП се конституира како постојано работно тело на советот на општината. Советот за заштита на потрошувачите предлага локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, која ја усвојува советот на општината,

Комплексноста на правната рамка е една од причините за донесување на Програма за заштита на потрошувачите на општина Охрид, заради едукација, информирање и советување на потрошувачите жени и мажи за нивните права како потрошувачи, вклуќувајќи ја и енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка. Согласно програмата се очекува активно учество на Општина Охрид во подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики на нејзината територија – подеднакво за сите граѓани, земајќи ги в предвид нивните различности по основа на пол, род, попреченост и други различности кои ги поседуваат.

— реклама —

Основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите со вграден аспект на одржлива потрошувачка и родов аспект, е фокусирана на едукација на јавноста за заштитата на потрошувачите и подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики во Општина Охрид во наредниот двегодишен период, согласно со двегодишните програми за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија, која на предлог на Министерството за економија ја усвојува Владата на РСМ.

Во името на Оштина Охрид зборуваше советникот Перчо Божиноски, кој во оваа прилика подвлече:

— реклама —

– Во рамките на активностите предвидени со програмата за 2022-2023 година, Општина Охрид за прв пат ќе овозможи заштита на потрошувачите преку директен контакт со нив овозможувајќи бесплатни советувања на потрошувачите два пати неделно во периодот од 10 до 14 часот. Со ова се подигнува степенот на едукација на граѓаните како потрошувачи во Охрид и им се овозможува подобра информираност како да ги заштитат правата како потрошувачи. Исто така оваа програма предвидува и информативни и едукативни трибини за правата на потрошувачите во општина Охрид, како за возрасните така и за децата. Предвидени се активности за едукација на децата како потрошувачи со цел да им се овозможи пристап до информации и советување, да ги препознаат основните стандарди за безбедност на производите и нечесните практики на пазарот.

— реклама —

Зајакнувањето на позицијата на потрошувачите и ефикасната заштита на нивната сигурност и нивните економски интереси, дигитализацијата, енергетската ефикасност, климатските промени, активностите за рамноправна застапеност и подобрување на положбата на потрошувачите жени и мажи и одржливата потрошувачка претставуваат клучна цел во програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид.

Канцеларијата ќе биде отворена за граѓаните во деновите Вторник и Четврток во периодот од 10-14 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања