Во функција е ставен дежурен телефонски број на кој граѓаните може да пријавуваат проблеми со депонирањето отпад, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Доколку се појават проблеми околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депонирање отпад и создавање на мини депонии, граѓаните може да пријават на дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот“, додаде Пецаков