Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

Во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош започна изградбата на нова повеќенаменска спортска сала, инвестиција вредна 64 милиони денари, обезбедени од Владата преку повикот за финансирање капитални проекти на општините.

— реклама —

Камен-темелникот на новиот објект го поставија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

— реклама —

Салата ќе се простира на 1.400 квадратни метри и ќе има трибина со капацитет од 400 седишта. Според најавите, објектот треба да биде завршен за околу една година и ќе може да се користи не само за потребите на училиштето, туку и за официјални натпревари, тренинзи, спортски и културни настани, како и за други намени.

Јаневска информираше дека во општините низ државата во моментов се реализираат околу 70 инфраструктурни проекти во областа на образованието. Дел од нив се финансирани преку Министерството за образование и наука, а дел преку владината поддршка за капитални проекти на локалните самоуправи.

— реклама —

Во Општина Карпош, преку Министерството, се прошируваат и капацитетите на ООУ „Димо Хаџи Димов“ со доградба на шест училници, додека наскоро треба да започне и доградбата на четири училници во ООУ „Петар Поп Арсов“. Целта е да се создадат услови за организирање настава во една смена.

„Инфраструктурата, заедно со учебниците, наставните програми и мотивиран наставен кадар, се основни предуслови за квалитетно образование“, порача Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања