„Вчера вечерта лице со „веспа“ ја украло кутијата со пари која се собира за лекување на возачот на брза помош - Гоце во центарот на Прилеп. Срамота, кај ќе му оди душата„, е само еден од коментарите на социјалните мрежи, кои се пишуваат под сликите со празно столче.
А столчето, кое со кутија стоеше во центарот во Прилеп е наменето за собирање помош за лекување на нивниот сограѓанин Гоце Илиески, возач во прилепската брза помош, кој е заразен со Ковид-19 и се бори за живот во една од приватните болници во Скопје. Хуманите луге веќе 10 дена собираат помош за да се плати лекувањето на Гоце, а дополнително, покрај телефонските линии за донирање кутија на столче беше оставена и во центарот на градот. Но, како што се пишува по социјалните мрежи столчето остана празно, бидејќи припепчанец со „веспа“ ја украл кутијата со пари.
