Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

„Ова е средба која ме остави без зборови“, Стојкоски дециден дека Ѓорче ќе стои зад лицата со интелектуална попреченост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
245227400_2934844683450653_8854953826646977970_n

Со менување на јавната свест, спроведување и приклучување во проекти, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе помага на лицата со интелектуална попреченост. Тој изминатиов период имаше стотици средби со различни категории граѓани, а вчера се сретна и со раководството на центарот „Порака Неготино“, со кои разговараше за проблемите и предизвиците. Тие, свое катче имаат и во Волково, каде се згрижуваат 44 лица. Стојкоски посочи дека ова е една од средбите која го оставила без зборови.

„Живееме исто, сакаме исто, поминуваме низ предизвици, ги делиме истите проблеми. Се бориме за подобро утре. Ова е една од оние средби која ме остави без зборови. Сигурно сте чуле за „Порака Неготино“. Центар кој згрижува 44 наши сограѓани со интелектуална попреченост во Волково. Премрежјата низ кои поминувале и поминуваат се различни и ги знаеме сите. Зошто лицата со попреченост да не живеат живот како сите ние? Зошто да не се еднакво вклучени во општеството? Зошто да немаат сервисни служби? Зошто да не дадеме се од себе да ги унапредиме нивните права?“, напиша Стојкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој смета дека нема одговор на овие прашања, бидејќи овие цели мора да се исполнат. Според Стојкоски, овие лица и овој центар, не смее и нема да бидат повеќе заборавени, бидејќи Ѓорче ќе биде општина за сите граѓани.

— реклама —

„Тие се жители на општината како сите ние. Ќе ја менуваме јавна свест, ќе спроведуваме и се приклучуваме на кампањи, ќе обезбедуваме поддршка, ќ ги изедначуваме во општеството. Ќе придонесеме за овие центри, затоа што сакаме и се обврзуваме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања