Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ова се првите седум ослободени заложници на Хамас, се спроведува мировниот план за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarylkca3m8elihqd4IZLug
Х

Хамас ги ослободи првите седум израелски заложници како дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави израелското Министерство за надворешни работи на платформата Икс. Станува збор за заложници киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, кои повеќе од две години биле држени во заробеништво.

— реклама —

„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на Министерството, објавено заедно со фотографии од ослободените мажи.

— реклама —
— реклама —

Според израелските власти, сите тие биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убиле околу 1.200 луѓе и однеле повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.

— реклама —

Заложниците, според израелските власти, биле држени во сурови и нехумани услови, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор од страна на милитантите на Хамас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 5 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања