Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации, вели Мицкоски на „11 Октомври“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library3r08te71nhftclSMcYi

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, испрати порака за единство, отпор и обновување на вредностите врз кои е изградена современата македонска држава.

— реклама —

„Поробени, но никогаш покорени — тоа е реченицата што го симболизира духот на генерациите кои ја почнале борбата за слобода. Во таа мисла е содржан пркосот и упорноста што ја водеше Македонија низ сите историски предизвици“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека денешната генерација ја има „последната шанса за исправка на неправдите“, додавајќи дека државата мора да изгради функционален систем ослободен од политички влијанија и корупција.

— реклама —

„Судството и обвинителството мора да се ослободат од канџите на политиката. Или има правда – или нас нема. Не станува збор за реваншизам, туку за почеток на нов систем во кој законот ќе важи подеднакво за сите,“ порача премиерот.

Говорејќи за надворешната политика, Мицкоски повтори дека Владата ќе продолжи со европската агенда, но „без нови отстапки на штета на македонскиот народ“.

„Да за Европската Унија, но не по цена на уцени и билатерални услови. Очекуваме ЕУ јасно да гарантира дека македонскиот јазик, култура и идентитет се неприкосновени,“ истакна тој, додавајќи дека од источниот сосед очекува „европска зрелост и почитување на меѓународното право“.

— реклама —

Во обраќањето, Мицкоски повика на општествена мобилизација и „суштински дијалог“ со сите општествени чинители – академици, млади, професори и работници.

„Не зборувам за лидерски средби со фотографии и празни изјави. Зборувам за искрен дијалог за иднината на државата, во кој ќе учествуваат сите – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, христијани и муслимани. Македонија е една и мора да остане наша заедничка татковина,“ нагласи тој.

Премиерот најави и нови инвестиции и економски проекти, нагласувајќи дека „најважната борба е борбата за стандардот и животот на луѓето“.

Говорот го заврши со порака за обединување:
„Ова е генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, правда и слобода. Чекориме по вистинската патека – патеката на работа, знаење и љубов кон татковината. Нека ни е честит празникот, Бог да ја благослови Македонија!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 1 ден

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања