Оваа недела пријавени 346 случаи на грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
h1n1-533x261

Во текот на 3-та недела од 2022 година, во Република Македонија пријавени се 346 (I=16,7/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 26,4% во споредба со минатата недела.

— реклама —

Во текот на 3-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 825 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 5 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 24 (3,9%) позитивни случаи, 23 од рутинскиот надзор и еден позитивен случај од сентинел САРИ надзорот, сите Influenza A несубтипизирани.

— реклама —

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 3-та недела од минатата сезона е зголемен 12,4 пати, а во споредба со бројот за 3-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) се регистрира намалување од 78,6%

— реклама —

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.999.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања