Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-libraryff0gvmlnup2h6qaBjwh
Photo by peter peng on Unsplash

Губењето на меморијата што го нарушува секојдневното функционирање може да биде еден од првите знаци на Алцхајмерова болест или друга форма на деменција, предупредува Алцхајмеровата асоцијација.

— реклама —

Меѓу најчестите симптоми се заборавање на неодамна научени информации, важни датуми и настани, постојано повторување на истите прашања и сè поголема зависност од потсетници или помош од блиските.

— реклама —

Експертите предупредуваат дека внимание треба да се привлече и кон потешкотиите во планирањето и решавањето проблеми, проблемите со извршување познати секојдневни задачи, губењето ориентација во времето и просторот, како и промените во видот и просторната перцепција.

Можни предупредувачки знаци се и новонастанатите потешкотии при зборување и пишување, оставањето предмети на необични места, неможноста да се следат сопствените чекори, послабо расудување и носење одлуки, повлекувањето од работа и друштвените активности, како и изразените промени во расположението и личноста.

— реклама —

Според Алцхајмеровата асоцијација, важно е овие симптоми да се разликуваат од вообичаените промени поврзани со стареењето. Додека повремено заборавање не е причина за паника, честите и прогресивни потешкотии што влијаат врз секојдневниот живот бараат лекарска проценка.

— реклама —

Стручњаците нагласуваат дека раното препознавање на болеста овозможува навремен пристап до третмани што можат да ги ублажат симптомите и подолго да ја зачуваат самостојноста и квалитетот на животот на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b1lmhjsgdj7bIgrSP7

Зошто прво ни се затнува едната, а потоа другата ноздра?

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 3 седмици

media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 3 седмици

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања