Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Овие сообраќајни казни во Грција можат скапо да ве чинат: За некои прекршоци се заканува и одземање на дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg
фото: unsplash

Грција од 1 јануари 2026 дополнително ги заостри сообраќајните закони, па летувањето може сериозно да ви се расипе ако не сте внимателни.

Веќе не е само прашање на пари, туку и тоа што Грците станаа ригорозни со одземање на возачки дозволи и симнување на таблички, што ве остава „заробени“ во Грција без автомобил.

Она на што треба да се обрне внимание е дека Грците повеќе не дозволуваат да платите 50 отсто од казната ако тоа го направите веднаш (таа олеснување е укинатo). Сега се плаќа цел износ, а полицијата често веднаш на лице место ги симнува табличките, што е најголем проблем за туристите.

Пушење во кола

Ова е можеби најголемата „замка“. Ако во автомобил имате дете помало од 12 години, а вие (или било кој друг патник) запалите цигара, казната е 1.500 евра. Ако се пуши во такси или возило за јавен превоз, казната оди до 3.000 евра.

Покрај паричната казна следува и одземање на возачка дозвола на еден месец.

Безбедносен појас и детски седишта

— реклама —

Грчката полиција сега масовно казнува возачи и за грешки на патниците ако тие не се врзани. Казната е 150 евра по лице, а истата ја плаќа и возачот.

Детски седишта се задолжителни за деца до 12 години (или 135 см). Казната е 350 евра ако нема седиште.

Возење во папучи

Иако звучи како мит, во Грција е казниво возење со обувки кои не се фиксирани за стапалото. Казната е 50 евра.

— реклама —

Црвено светло и „Стоп“

Најстрого казнети прекршоци:

  • Минување на црвено: 700 евра, одземање дозвола 60 дена и таблички 20 дена

  • Непочитување STOP знак: 700 евра

Мобилен телефон

— реклама —

Користење телефон без hands-free: 350 евра и одземање дозвола 30 дена.

Важно: Од 2026 година казните за повторени прекршоци значително се зголемуваат – трет пат за ист прекршок може да значи одземање на дозвола до 8 години.

Паркирање на место за инвалиди (1.000 евра)

Казната за вакво паркирање е 1.000 евра, со одземање дозвола на 180 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Големиот пожар на Парос сè уште не е изгаснат, силните ветрови ја отежнуваат битката со огнот

Балкан | пред 2 часа

media-libraryfvj7c3m2f73358FewJh

Осуден 82-годишен Грк повторно испратен во затвор откако ја запалил куќата на својот син

Свет | пред 18 часа

zemjotres

Земјотрес со јачина од 4 степени во Грција, епицентарот е во Егејското Море

Балкан | пред 22 часа

media-library59lego4jii99aZJM8U3

Нелегална трговија со тестостерон расте во Грција: ги таргетира мажите над 50 години

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања