„Овој ако го остават да меле уште малку пред камери, можеби ќе се самоубие со керамида. Пошто, заборавил дека го плаќа цела земја да менаџира кризи, а не да нè гњави со неговите приватни семејни проблеми. Нема проблем, веднаш еве - ќе заборавиме на нашите проблеми и ќе земеме да ги решаваме неговите емоционални и здравствени домашни ствари. Пошто, само он имал ,,стара и болна мајка", никој друг нема во државава. И сега место да чуеме за што точно зема плата, треба да слушаме што му се случува по дома, док самиот вчера се фоткаше и се забављаше со Влатко Стефановски. Да сакавме старлети, ќе ги изберевме Кардашијанс за директорки на ЦУК.Ги користи медиумите за да упикува теми за семејни ствари кои јавноста не ја занимаат, а притоа за болни деца уште вртиме телефони за донации. И да му се извините, немој да заборавите. И награда да му дадете“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци откако Ангелов се пожали дека неговата мајка се вознемирувала кога за него зборувале лошо.
