Овозможени дијагностички генетски анализи на наследни болести на сметка на Фондот за здравствено осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
filipce-222

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможи анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите  факултет и МАНУ.

— реклама —

-Со оваа новина овозможуваме рана и брза дијагностика на наследните болести и на малигните заболувања. На овој начин ќе помогнеме за рана детекција на болестите, што ќе значи и побрза реакција во поглед на методите на лекување. Порано за овие испитувања плаќаа самите пациенти, а отсега ќе плаќаат само партиципација за услугата. Овие испитувања се високоспецифични и секако за нивно спроведување треба да се има соодветен упат од клиниките, откако нема да може да се дојде до дијагноза со стандардните процедури, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Методите НГС (Next Generation Sequences) се спроведуваат во МАНУ од 2012 година и со нив се овозможува дијагностика на голем број болести, вклучително и на ретките болести. Со нив таргетирано се секвенционира панел со 4.800 гени поврзани со ретките и со малигните болести.

— реклама —

-На овој начин ја намалуваме потребата за испраќање на пациентите во странство за дијагностика, а во исто време се забрзува времето на реакција кај пациентите, додаде Филипче.

Анализите кои ќе се финансираат од ФЗО досега ги чинеа пациентите од 45 до 100 илјади денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања