Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на Државното првенство во атлетика за основни и средни училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid2

Вкупно 220 ученици од основните и средните училишта од Република Македонија се натпреваруваа на Државното првенство во атлетика, кое се одржа денеска во Охрид.

На свеченото отворање на настанот, во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Горан Маркоски.

— реклама —

Ни претставува голема чест и задоволство што Охрид е домаќин на овогодинешното издание на Државниот натпревар во атлетика, кој го организира Федерацијата на училишен спорт.

— реклама —

Овој спортски настан им овозможува на младите атлетичари да ги презентираат своите способности, да се мотивираат и да се инспирираат за поголеми спортски успеси. Спортот, а особено атлетиката им помага на младите да изградат дисциплина, тимски дух и самодоверба, што се важни квалитети во секој аспект на нивниот живот.

Особено сме горди што Охрид е пример за град кој дава значителна поддршка на спортот, а особено на атлетиката.

— реклама —

Преку инвестирањето во спортската инфраструктура и организирањето на големи атлетски настани, им овозможуваме на атлетичарите достоинствени услови за спортски развој. Овој вид на поддршка не само што го зголемува интересот за спорт кај локалната заедница, туку и го зголемува престижот на градот како спортска дестинација.

— реклама —

Атлетиката отсекогаш, заслужено го носи епитетот „Кралица на спортовите“, затоа што атлетичарите се вистински симбол на брзина, сила и издржливост. Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви посакувам да остварите високи резултати во сите дисциплини на овој натпревар и да покажете дека атлетиката може да застане на заслужен пиедестал во македонскиот спорт, истакна Маркоски во своето обраќање.

Државниот натпревар во атлетика го организира Федерацијата на училиштен спорт, а Општина Охрид го отстапи користењето на стадионот “Билјанини Извори”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања