Промени тема
Контакт

Охрид го чествува ликот и делото на Григор Прличев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Grigor_Prlicev_06022023026

Со низа настани во рамки на манифестацијата „Прличеви Беседи“, Општина Охрид го чествува ликот и делото на Григор Прличев и одбележува 130 години од неговата смрт.

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на панихидата која се одржа на вечното почивалиште на Григор Прличев во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ и имаше свое обраќање на настанот „Стихови и звуци за Прличев“ кој се одржа во спомен куќата на ловороносецот.

Grigor_Prlicev_06022023018– Голема е честа и неописливо е чувството на гордост што сум дел од овој настан и што имам можност да говорам за големиот Григор Прличев, нашиот најпознат охриѓанец и еден од нејмаркантните дејци во македонската историја.

— реклама —

На мое големо задоволство и оваа година остануваме верни на традицијата и преку богата програма, оддаваме почит на неговите вредни дела и врвни творечни достигнувања.

Иако се навршуваат 130 години од неговото упокојување, ликот и делото на Прличев останува нераскинлива врска помеѓу сегашноста и минатото и претставува светол пример, кој ни дава сила во нашите напори да обезбедиме подобро утре и поубава иднина за новите генерации.

Преку поемата „Сердарот“, Прличев го покажа патот на херојската борба што треба да ја води малиот и поробен народ за својата слобода против далеку побројниот и посилен тиранин. Во оваа творба тој успева да го внесе целиот свој емотивен восклик и закитен со ловоровиот венец да се искачи на врвот на поетската слава.

Oпсежната книжевна критика го опишува Прличев како најгенијалниот поетски талент и најсветлата ѕвезда на македонското литературно небо, кој со право го заслужува епитетот „Втор Хомер“.

— реклама —

Им честитам и им се воодушевувам на младите генерации, кои творат и добиваат награди за своите написи посветени на ловороносецот.

Се надевам и посакувам помеѓу овие ученици, кои се денеска тука со нас, да се истакне некој нов уникатен уметнички талент, кој ќе го негува Прличевото дело и ќе ја надополни богатата литературна ризница на Охрид.

Оваа можност сакам да ја искористам и да потенцирам дека Локалната самоуправа дава исклучителен придонес во зачувување на културните вредности на нашиот град.

— реклама —

Во таа насока со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедени се две изданија на Автобиографијата на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, кои денеска ќе им ги предадеме на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид.

„Автобиографијата на Прличев е дело што поради своите квалитети заслужува да е нешто како прирачна книга за секој човек, кој што сака поблиску да се запознае интимната страна на животот на една навистина голема личност од нашето минато, голем поет и добар родољуб.“, ова во своите написи посветени на Прличев, го истакнал професорот Хaралампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература и еден од првите членови на МАНУ.

Поаѓајќи од оваа констатација, искрено се радувам што ова вредно издание од денес ќе биде достапно и за нашите сограѓани со оштетен вид, кои го ценат и вреднуваат прличевото дело, истакна Пецаков во своето обраќање.

Градоначалникот Пецаков ја предводеше делегацијата на Општина Охрид која положи ловоров венец на спомен бистата на Григор Прличев пред градската библиотека. Свежо цвеќе во чест на големиот поет беше положено и на неговито споменик во истоименото училиште.

— реклама —

Во рамки на манифестацијата, вчеравечер во Центарот за култура беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема. Наградата беше доделена на поетот Зоран Анчески за неговата поема „Коњски житија“.

Како дел од чествувањата во Библиотеката „Григор Прличев“ се одржа и традиционалната „Прличева визита“ на која беше прогласена најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“, а се одржа и промоција на аудио-записот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.

Чествувањата ќе бидат заокружени вечерва со Свечена приредба по повод Патрониот празник на ООУ “Григор Прличев“ која ќе се одржи во спортската сала на училиштето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања