Промени тема
Контакт

Охрид и Берат и официјално ќе се братимат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
berat-i-ohrid-4

Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и  заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.

Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати ВД градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците втората „Езерска средба – Охрид 2019”, која, под покровителство на локалната самоуправа и негова – лично, се одржа во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, односано огранокот за општините Охрид и Дебрца.

Од оваа година, Средбите ќе имаат два дела: Покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и Корча, Република Албанија.

Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, Албанија и други соседни земји, како и градоначалниците од градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.

Првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, информираше дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат канети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија, како и од земјите на поранешната југословенска заедница.

— реклама —

Централен настан, беше Свечената седница, на која говореа генерал Филип Котели, односно полковник Енвер Ајдари, во името на албанскиот Сојуз, како и претседателот на Општинската организација на  Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски,

Покровителот на манифестацијата, Константин Ѓорѓиевски, со задоволство ја прифатија иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување на официјален акт за братимење, додека претставниците од Албанија тоа го поздравија со долг аплауз и извици – браво, браво...

Охридска организација истовремено, прослави 11 годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 наши соработници, само од Охрид.

— реклама —

- Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп. Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид), Бугарија (Софија, Ќустендил и Дупница), како и Србија - Панчево и Врање и други места – нагласи полковник Вељаноски.

Во рамките на манифестацијата, беа одржани и заеднички спортски натпревари, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво.

— реклама —

Домаќините, за своите гости организираат разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, како и  посета на Хидро биолошкиот институт, како манифестација на на заедничката грижа на Охридското и Преспанското Езеро.

Во хотелот “Милениум Палас”, беше одржано импресивно заедничко другарување, веселба и свечен ручек. Гостите се веселеа, заедно со фолклорната група “Охриѓанка”

додека посебно доживување беше настапот на малата Кетрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска, а сега, со својата мајка – позната виолинистка со диплома од Кралскиот колеџ, Доминика Коли, живее во охридското село Климештани. На своето име и презиме, додала – Македонска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања