Промени тема
Контакт

Охрид и годинава исполнет за Нова Година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
NG_elka_-ohrid

Сместувачките капацитети во хотелите на Охридско-струшкото крајбрежје се целосно исполнети за новогодишните празници, инфорира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески. Традиционално, според него гостите ќе бидат од Бугарија, Грција и Албанија и дел од Србија и Црна Гора.

-Последните години интересот е многу голем кај гостите од Бугарија. Ние сме сакана дестинација, но и евтина дестинација. Не е само за Нова година, туку и преку цела година. Повеќето хотели се полни. Има некои мали хотели кои не можат да примаат поголеми групи и продаваат соба по соба, изјави Блажески за МИА.

— реклама —

Блажески потенцираше дека добро помина и измината туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера, со зголемување на бројот на туристи во однос на 2017 година. Имало и период кога сместувачките капацитети на крајбрежјето биле исполнети до последното легло.

— реклама —

Инаку во Охрид групи туристи се шетаат и овој перид. Ги имаа од Холандија, Полска, Израел, Норвешка ,Турција, Кина и Јапонија, а годинва за Охрид интерес покажаа и Белгијците.

— реклама —

За подобра туристичка сезона, позитивна слика кај туристите, но и нивната безбедност, првиот човек на хотелиерите на Македонија, смета дека е потребно итензивирање на работата на автопатот Кичево – Охрид, со акцент на забрзување на градежните работи од Охридскиот аеродром до Охрид и Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања