„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Охрид ја откажа и „Новогодишната детска бајка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Поради ненадејната смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски,ЈП „Билјанини Извори“ ја откажува големата новогодишна забава за деца "Новогодишна детска бајка " која требаше да се одржи денес.

— реклама —

"Новогодишната детска бајка" како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.

Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе се реализираат во новогодишните денови. Реализацијата на дел од предвидените активности е со поддршка од маркетите „Топ“ , „Миса“ и пекара „Феникс“ .

— реклама —

ЈП „Билјанини Извори“ утре со почеток од 10 часот во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња ,додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби "Добротољубие 2014" ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св. Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Зраци" ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.

На 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ ЈП „Билјанини Извори “ ќе донира храна на социјалните семејства. Примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања