Охрид ќе го реши проблемот со кучиња скитници - стационарот е готов, се чека дозволата од АХВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
grdanoski-vodici-2

Општина Охрид го изгради долгоочекуваниот стационар за кучиња скитници, се чека уште дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

— реклама —

Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски појаснува дека стационарот е изграден, набавени се две возила за транспорт на животните, вработен е и шинтер во ЈП „Охридски комуналец“.

Стационарот е со капацитет за третман на 30 кучиња дневно.

— реклама —

– До АХВ доставено е соодветно барање од наша страна така што веруваме дека веднаш откако ќе ја добиеме дозволата ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Проблемот е дотоколку поголем што во неколку наврати добиваме дојави од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат десетици кучиња, рече Грданоски.

Како проблем тој посочи на практиката на несовесни граѓани кои ги оставаат на улица своите дотогашни домашни миленичиња, за кои повеќе не се грижат.

Што се однесува на појавите на носење кучиња од други населени места во Охрид, Грданоски истакна дека за тоа се известени надлежните служби, како и оти се преземаат активности за спречување таква практика во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања