Промени тема
Контакт

Охрид СОС со остра реакција до Николоски: „Срамно е да повторуваме лекции од минатиот век – Охрид не е терен за бетонирање“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
nikoloski-2

Граѓанската иницијатива Охрид СОС жестоко реагираше на неодамнешната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој изрази став дека поради статусот на заштитено подрачје, во Охридскиот Регион не можат да се градат хотели од висока категорија.

Во реакцијата се наведува дека изјавата на Николоски е „неодговорна, нестручна и срамна“, особено во момент кога, и покрај формалната заштита, на теренот во Охрид „се градат десетици нелегални и полулегални хотели“.

„Охридскиот Регион, де-факто светско наследство во опасност, министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски сакал да гради уште хотели. Но, му пречи тоа што Охридскиот Регион е сè уште на листата на светско наследство“, реагираат од Охрид СОС.

Од иницијативата го потсетуваат Николоски дека неговата изјава — оти „практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја“ — е целосна невистина:

„Власта, особено кога е во рацете на ДПМНЕ, одамна докажа дека формалната заштита не е пречка за агресивна урбанизација. Хотели никнуваат во Мазија, Рамне, Лагадин, Горица, Св. Стефан и дури на 50 метри од брегот кај новиот ‘Парк’. Ако ова е ‘практично невозможно’, како би изгледало ‘можното’?“

Тие потсетуваат дека состојбата со Охридското Езеро и Галичица е алармантна — изворите на Св. Наум се загадени со фекални бактерии, Студенчишко Блато се урбанизира, а старите јадра на Охрид и Струга го губат својот автентичен изглед.

— реклама —

„Флагрантна некомпетентност е да не можете да овозможите развој што нема да значи уништување. Наместо да ги заштитите природните вредности, вие ги претворате во профитни парцели“, додаваат од Охрид СОС.

Активистите остро го критикуваат Николоски што „воопшто не разбира“ дека економската корист може да произлезе и од заштита, а не само од уништување:

— реклама —

„Министерот не знае дека вредноста на заштитените подрачја може да се изрази во пари. Губењето на тие ресурси ќе чини многу повеќе, само што сметката ќе ја платат идните генерации – не тие што денес градат и профитираат.“

Охрид СОС го обвинува Николоски за недостиг на стручност и одговорност, потсетувајќи дека меѓународните институции одамна предупредуваат за состојбата со регионот:

„Да имаше компетентност, ќе знаеше дека УНЕСКО веќе една деценија бара Охрид да се стави на листата ‘Светско наследство во опасност’, дека Бернската конвенција отвори случај за Охридско Езеро и Галичица, и дека Европската Комисија со години дава засрамувачки оцени за постигнувањата во доменот на животната средина.“

— реклама —

Во завршницата, тие упатија јасна порака:

„На власта ѝ пречи што Охрид е на листата на светско наследство, бидејќи така помалку пари можат да се слеат во приватни џебови. Но да ги потсетиме – тие имаат законска обврска да го штитат Охридскиот регион, не да го бетонираат.

Срамно е во 25-тата година од 21 век да повторуваме лекции што требало да бидат научени во минатиот. Засукајте ги ракавите, вработете стручни лица и научете што значи одржлив развој.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 3 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања