„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид ќе започне со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од определени 4 улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
469047073_1052066610054495_3661287142780943891_n

Ј.П.„Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и дел од ул. „Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул. „Егејска“ до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља)

— реклама —

Садовите за депонирање селектиран отпад од пластика и хартија, вкупно 1.200 садови, се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање. Покрај тоа, министерството донира и 56 контејнери со капацитет 1,1 м3 чија намена е депонирање на селектиран отпад од хартија и пластика и истите ќе бидат поставени на фреквентни локации во градот

— реклама —

Придобивките од оваа донација се повеќекратни: селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад кои завршуваат на депонија

НАПОМЕНА: Доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се во рок од 15 дена да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул. „АСНОМ” бб (работни денови 08:00 часот -13:00 часот и да донесат лична карта и сметка од Ј.П.„Охридски Комуналец”)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

481014813_1108080244453131_6699992335485948401_n

Преглед на неделни активности на ,,Паркови и зеленило"

ОО | пред 1 година

480745582_1106612814599874_954231698112237861_n

Расчистување на диви депонии во Трпејца

ОО | пред 1 година

476851828_1100455081882314_1137139160671658946_n

Ќе се доделуваат садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од улиците ,,Крали Марко" и ,,8-ми Март"

ОО | пред 1 година

475407310_1102749594986196_1232724222885511944_n

Активности на Паркови и зеленило Охрид

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања