Погребалниот Оператор “Мирен Сон“од Охрид го изврши првото кремирање во регионов. Сопственикот на погребалниот оператор Денис Шибакоски, за Скопје1 вели дека го испочитувале претсмртниот аманет на покојниот, но и на доследноста на семејството и телото на починатиот да биде кремирано во крематориум во регионов.
Шибакоски додава дека немале никакви проблеми со документацијата туку дека сите институции и амбасади веднаш ги издале потребните документи за да се изврши овој чин, почитувајки ги сите светски нормативи.
„Оваа постапка која кај нас сеуште не се применува, ја изведовме надвор од границите на нашата земја и тоа професионално, навремено и точно, следејки ги сите законски протоколи. Благодарност до нашите колегите и пријателите во странство кои ни излегоја во пресрет и максимално се ангажираа околу кремирањето на покојниот“, вели Шибакоски.
Инаку кремирањето како постапка се применува ширум светов, кај нас сеуште се третира како табу тема, не затоа што не е изводлива, туку затоа што Крематориумот мора да биде под државна капа.
„Законски е изводливо, но проблемот кај нас е верски“, вели Шибакоски.
Верските лица кај нас не дозволуваат пеење на урната, туку на тело. Токму поради тоа се избегнува кремирањето.
Шибакоски додава дека според законот урната мора да биде погребана, а не да се истура според желба на починатиот или да се чува во дома.
Во светот покрај што го исполнуваат аманетот на покојниот да биде кремиран, со кремирањето ги избегнуваат проблемите од недостиг на простор на постојните гробишта, особено во големите градови.