Од 02-05 Март во хотелот Omni Shoreham во Вашингтон, се одржува еден од најголемите конгреси за интервентна кардиологија во САД- Cardiovascular Research Technologis CRT 2019 на кој се презентираат најновите достигнувања од оваа област, се презентираат резултатите од најновите клинички студии ширум светот, се изложуваат нови технолошки придобивки и пронајдоци во областа на материјалите и техничките помагала кои се користат во интервентна кардиологија, преку изведување на интервенции со пренос на слика во живо од катетеризациони лаборатории во САД и Европа, а секако се презентираат и најновите измени во водичите на американската и европската асоцијација за кардиологија.

На овој настан учествуваат наголемите имиња од оваа област од целиот свет, а свое учество со две орални презентации имаше и охридскиот кардиолог Др Никола Бакрачески на теми од областа на третман на комплексни коронарни лезии, како и во областа на нови пристапи и техники во решавање на хронични тотални оклузии на срцевите артерии, кои пробудија особен интерес кај аудиториумот.
Секоја година пред учесниците на конгресот се обраќа видни имиња од областа на светската политика. Оваа година свое обраќње пред учесниците имаше поранешниот британски премиерТони Блер, кој важи за еден од најдобрите говорници на денешницата.