Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

212

Screenshot-2021-11-25-at-19.22.04

„Љупчо беше намачена душа. Срце планина“, пријател за загинатиот шофер во автобуската трагедија

Љупчо Зафиров е еден од загинатите во страшната авботуска несреќа во Бугарија, во која покрај него, животот го загубија уште 44 лица, а седуммина се повредени.Зафиров беше шофер, кој сигурно многу ќе недостасува на планинарската фела, со оглед на тоа дека долго време соработувал со планинарските друштва при организацијата на планинарски тури.Зафиров најмногу соработуваше со еколошката групација „Грун Пауер“, а долгогодишниот планинар Игор Смилев со голема тага раскажува за неговото пријателство.„Љупчо беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта. Планинарската фела изгуби еден огромен другар, врвен професионалец. Љупчо ми ѕвонеше пред четири-пет дена, но јас не успеав да му се јавам. Обично тоа го правеше штом дојдеше во Велес, па пиевме кафе во некој локал. Сега ми е многу криво што не му се јавив. Никогаш нема да дознаам зошто ме барал. Премногу сум тажен, бар да му се јавев, можеби ќе променев многу работи“, раскажува Смилев за „Фокус“.Повеќе

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

Патник успеал да се спаси качувајќи се во погрешен автобус

Патник од Македонија со голема среќа успеал да се спаси од изгорениот автобус, откако се качил во погрешен автобус.Ова го информираше неговиот татко, за ТВ Сител, како што вели, во целата несреќна трагедија, неговиот син го следела среќа.-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

Македонија | пред 4 години

fb4861396155ea57737ccf8655ebbf49

Синот на вториот возач на автобусот за БНТ открива: Татко ми спиеше во кабината, бев во Софија и го препознав телото

Репортерите на Бугарската национална телевизија БНТ го пронајдоа синот на вториот возач на автобусот кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.Телевизијата открива дека Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.Кадрим во петокот оттаму му се јави на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ има еден – со име Шади Науф ал Салех.

Македонија | пред 4 години

stankov

„Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело“, директорот на судска медицина контра бугарските обвинители

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека завршени се 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело. Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело.Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица с еспасиле од несреќата.Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.

Македонија | пред 4 години

danela-5289

Градот Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Скопје | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija

Соопштена првичната можна причина за автобуската трагедија и палењето на возилото

Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за палење на автобусот во кој изгореа 44 патници, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банките.Според неговото објаснување, по ударот на автобусот во една од банкините на патот, тој подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-at-10.05.30

Се прават распити, тубите за гориво биле празни - бугарското обвинителството со детали за несреќата

Главниот сомнеж на бугарските обвинители е дека човечка грешка е причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. До овој момент, иако во јавност говорат десетици сведоци, во Обвинителството не се јавил никој од нив да даде изјава, ниту бил затекнат. Се прават и распити на патниците кои се лекуваат во бугарската болница.„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен а распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле живи. Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-техничарски експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.Тој отфрли и други верзии за тоа како настанал пожарот во автобусот.„Верзијата за пренос на гориво не е точна. Имало три туби, со остатоци од нафта. Не биле полни. Пожарот не настанал од тоа. Нема туби со бензин или други материјали кои можат да се запалат, освен тоа што има во автобусот. Уште во првите часови од инцидентот, за да нема шпекулации дека станува збор за терористички напад, тоа го демантирав. Земавме и честички од автобусот, проверивме, по што констатиравме дека тоа не е терористички акт. Денеска продолжуваат распити, се гледаат и анализираат остатоците од автобусот, се проверува дали можеби пожарот настанал поради дефект. Ќе треба да ја расчистиме таа верзија. Засега, се сомневаме во човечка грешка. Во однос на патот, таа делница е страшна. Ако имало човечка грешка, таа била помогната од лоша организација на движењето и сигнализацијата“, додаде заменик-главниот обвинител на Бугарија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-093431

Превозник од Бугарија: Новите автобуси имат вградени сигурносни системи, апсурдно е да изгори за толку кратко време

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ на новинарка од бугарски портал ѝ објаснува дека такво возило, какво што е и возилото на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.– Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи – категоричен е превозникот.При тоа, тој ја покажува противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија, кои служат за препознавање на ознаките на патот, за електронско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – категоричен е Исмаил.

Македонија | пред 4 години

joveski

Тезата за тубите со гориво во автобусот кој изгоре е шпекулација за Јовески

Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи. Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител на Република Северна Македонија Лубомир Јовески и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма, видел пластични туби кои не изгореле.Јовески објасни дека во моментов се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во С Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, додаде Јовески. Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

mkd-531854

„Не може со 13 инспектори да се врши контрола на 2.000 фирми“, директорот Хусеини не правел контрола на автобусот кој изгоре

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини вечерва во гостувањето на 24 Анализа рече дека не чувствува вина за трагедијата во која 46 патници загинаа откако автобус се запали кај „Струма" во Бугарија. Тој вели дека иако не била направена контрола врз автобусот, трагедијата сепак ќе се случела. Признава дека има пропусти, но се пожали и дека институцијата со која раководи немала доволно кадар за да може да прави контроли на автобусите. За оставка, вели дека не знае дали ќе си замине од функцијата.„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс" се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо", вели Хусеини.За тоа дали е точно дека има блиски релации со одговорните на „Беса транс" , Хусеини вели дека се тоа само шпекулации.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Царници се суспендирани, автобусот кој не смеел да ја напушти границата не бил евидентиран

Возилото на „Беса транс“ кое било без лиценца, поминувало на четири гранични премини низ државава во период од една година. Ова го констатираше Царинската управа, по направените проверки. Во овој период, се превезувале и патници. Последниот излез на автобусот кога со патниците заминал за Турција, не бил евидентиран, а извршена била само заверка на евидентниот лист за превоз на патниците.„Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.Оттаму, велат дека се проверува и веродостојноста на документите кои „Беса Транс“ ги приложила при влез и излез на автобусот кој е без лиценца, од земјава.„За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува“,

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-2

(ВИДЕО) Очевидци зборуваат за несреќата: „Стигнав прв, видов маж кој ја носи девојката на раце и татко чијшто син останал во автобусот“

За тоа што се случувало трагичната ноќ раскажуваат двајца од очевидците на несреќата со автобусот, во која 45 лица загинаа, а 7 беа спасени.Во понеделник вечерта Валентин Георгиев патувал од Софија до Благоевград. Работи како курир, пишува Нова.бг.„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа 2-3 метри. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев.Кога се приближил, видел автобус како гори. Тој е и првиот очевидец на трагедијата. По него дошле полицајците и пожарникарите.„Камионот ми беше на околу стотина метри. Јас бев првиот. И за околу 5-10 минути дојдоа второто, третото, четвртото возило. Кога излегов од камионот слушнав вресоци. Преживеаните кои успеале да излезат врескаа и плачеа. Нивните лица беа облеани во крв и црни“, вели Валентин Георгиев.Човекот побрзал да помогне. Првото нешто што го здогледал е маж кој се обидува да ја спаси својата девојка.„Викаше: „Полиција, полиција“. Ја носеше девојката во раце. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Мажот беше без чорапи, бос. На другата девојка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли. Им дадов вода“, вели Валентин Георгиев.Тој раскажува и за татко кој се обидел да го спаси својот син од пламенот.„Велеше дека неговиот син е внатре. Отиде до автобусот за во пожарот да го спаси синот. Се обидов да го спречам да оди таму“, вели Валентин Георгиев.Раскажа дека полицијата и пожарникарите дошле за околу 20 минути, а потоа стигнала и брзата помош.„Од автобусот се слушало само како од пожарот се кршат стаклата.„Несреќата очигледно се случи 10-15 минути пред да стигнам таму. Веројатно сите беа веќе или задушени или мртви. Трчав до камионот по вода, по цигари, по јакни, постојано трчав“, вели Валентин Георгиев.Се обидел да помогне и Емил Методиев кој постојано се јавувал на 112. Тој чувал градилиште во близина на местото на несреќата. Методиев е првиот што се јавил на бројот за итни случаи.„Мислам дека предната гума пукна. Неколку секунди по ударот се појавија пламените јазици. И додека автобусот се лизгаше, зад него имаше трага од тие мали пламени јазици. Кога застана, тој беше во пламен. Не само напред или позади, насекаде. Кога дојдоа од противпожарната станица веќе беше видлива конструкцијата на автобусот. Тие во автобусот, мислам дека немаа шанса да излезат од него. Ова не се заборава“, вели Емил Методиев.

Македонија | пред 4 години

ABCC2D1A-D7A8-44E1-8C44-74605EBFB838

Тинејџерка сведочеше за несреќата: пробав да го скршам прозорецот…не успеав, кога се разбудив бев падната надвор

Зулејха Јашаровска е 16- годишна тинејџерка која ја преживеа кобната автобуска несреќа на автопатот Струма во вторникот рано утрото кога загинаа 46 патници, меѓу кои 12 деца. Автобусот ги враќал патниците од викенд екскурзија во Истанбул, преку Бугарија кон Скопје.-Нешто паметам, нешто не, вели таа од болничкиот кревет во болницата Пирогов во Софија каде по несреќата е на лекување заедно со уште шест патници кои ја преживеаја несреќата.Таа вели дека седела на последното седиште од автобусот.-Јас спиев и кога се разбудив, сите викаа, пискаа и сакав да го земам тоа за кршење на џамот, но не успеав и со рака пробав и потоа не паметам што се случи. Кога се разбудив бев падната надвор, вели Зулејха.Таа од пожарот има изгореници на рацете. Во моментов во Софија во посета кај неа е нејзиниот татко Аднан Јашаровски.Според сведоштвата на другите преживеани, во спасувањето помогнале патниците Орхан Алити и Љуљзим Сулејмани кои исто така се згрижени во болницата во Софија.Страотната несреќа ја преживеаја седум патници: Ебип Пајазитовски, Ѓула Јашаровска, Зулејха Јашаровска, Минир Јашаровски, Медина Љутвиј , Љуљзим Сулејмани, кој е државјанин на Србија и Орхан Алити, белгиски државјанин.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-24-at-11.40.03

(ВИДЕО) Ќерката и зетот му загинале, тој трага по телата во Бугарија

Асим Селмани од скопско Количани денеска во изјава за медиумите истакна дека ги изгубил ќерката и зетот во страшната несреќа која се случи вчера на автопатот во Бугарија.Вели дека пристигнале во Бугарија за идентификација на телата на загинатите, но се уште немаат информации за тоа каде се.„Ќерка ми и зетот беа во автобусот. Кај треба да ги чекаме ни ние не знаеме. Имаме информација дека не се тука. Само тие починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селами.Селмани вели дека на синот во Скопје му е земен ДНК материјал.Инаку, вчера во Бугарија на автопатот Струма во пожарот на автобусот „Беса транс“ загинаа 45 лица, а 7 се повредени.Патниците се враќале од екскурзија во Истанбул – Турција.

Македонија | пред 4 години

avtobus-zapalen

(ВИДЕО) Запалениот автобус отстранет од автопатот

Со силно полициско обезбедување, попладнево беше отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија,пренесе ТВ21.Автобус на „Беса транс“ од се уште не утврдени причини, околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил, а животот го загубија 45 патници, додека пак седуммина беа хоспитализирани во Бугарија. 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања