Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

212

mkd-532080

(ВИДЕО) Клуч на врата за „Беса транс“, канцелариите од вечерва запечатени

По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ" во Скопје, пренесува ТВ21. По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-174428

ВИДЕО: Полиција и инспекција влезе во „Беса транс“

Четири дена по несреќата која се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија се појави инспекција во туристичката агенција „Беса-транс“ во Скопје, објави тв21.Министерот за надворешни работи на денешната прес конференција информираше дека дополнитено сите агенции кои вршат транспорт и институции кои се бават со таа дејност ќе бидат предмет на истрага во наредниот период. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Возачите на изгорениот автобус не биле вработени - едниот бил со истечен сертификат

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата. Еден од двајцата возачи, немал ниту сертификат за професионална компетентност. Ова се податоците кои ги има министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.„Едниот од возачите е невработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година“, кажа Бочварски.Бугарски новинари веќе информираа дека еден од шоферите, Кадрим Мемеди, имал 54 години и над 20 години искуство. Неговиот син кажа дека често патувал за Германија и Турција и ги знаел рутите.Љупчо Зафиров е вториот шофер на автобусот. Тој исто така го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 4 години

345

Две истраги за „Беса транс“ и една за сите институции и комапнии: Се прават распити на патници

Обвинителството води предмет за да се утврди какви се прекршувања има направено „Беса транс“ и сопственикот, во врска со превозот на патници. Станува збор за засебна истрага, покрај првата која се води во Бугарија за причините на несреќата во која 45 патници ги загубија животите. Ова доаѓа откако беше откриено дека изгорениот автобус поминувал граници и тоа 135 пати за една година, со лиценца од друго возило на компанијата.„Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање на информации“, кажа Спасовски.Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале на лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски, кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-16.44.49

Сопственикот на „Беса транс“ знаел дека не смее да превезува патници со изгорениот автобус

„Беса транс“ повеќе не смее да ги управува автобусите. Одземена му е лиценцата од Министерството за транспорт и врски, а сега, сопственикот на компанијата треба да ја врати. Благој Бочварски како министер кажа дека сите документи побарани од Обвинителството се предадени, за непречена истрага.„Изводот кој бил користен од опожарениот автобус, е број на друго возило со други регистрации, исто така сопственост на ‘Беса транс’. Тоа е злоупотреба. Во друг наврат ја прикажувал лиценцата од фирмата. На тој начин свесно ги прекршувал одредбите на законот. Затоа му е одземена лиценцата“, рече Бочварски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-16.33.58

Техничкиот преглед на изгорениот автобус не укажал дека има недостатоци

Роднина на 45 патник, односно детето кое беше пронајдено изгорено во автобусот во текот на денешниот ден, дал биолошки материјал за да се направи ДНК анализа. Тоа е направено директно во Софија, по што е почнато со правење анализи. За автобусот, Оливер Спасовски, кажа дека е произведен во 2007 година.„Согласно техничкиот преглед, нема отстапки или укажувања за неисправност на возилото. Возилото е производно во 2007 година. Против ‘Беса транс’ има четири кривични пријави во 2020 и уште толку во 2021 за непочитување на ковид протоколи“, рече Спасовски.Тимови на МВР сеуште се во Бугарија за помош на тамошните колеги за истрагата.

Македонија | пред 4 години

untitled-5

„Не успеав да го спасам синот“, потресно сведоштво на преживеан, раскажува за моментите на несреќата

Орхан Алити, еден од седумтемина преживеани во трагичната несреќа во Бугарија, успеал да го скрши задното стакло на автобусот и да скокне. Но, за жал не успеал да го спаси и својот 23-годишен син Висар.Орхан во ексклузивна изјава за „Слободен печат“ од софиската болница „Пирогов“ вели дека е во добра здравствена состојба и дека се уште не може да поверува како толку брзо се случила трагедијата.Тој вели дека во моментот на несреќата бил буден и видел дека автобусот удрил во бариерата.– Мислев дека возачот заспал и дека затоа му побегна воланот и се удри, но во исто време избувна пожар и тоа не ми изгледаше нормално. Автобусот застана малку, потоа пак продолжи да се движи, но пак имаше пламен, се сеќава Орхан.„Сите луѓе ги фати паника и никој не знаеше што да рече. Во тој момент човекот многу брзо размислува, а ако автобусот го фати пожар, вратите не се отвораат И во тој момент помислив да скокнам со двете нозе да го скршам задното стакло, но првиот обид ми беше неуспешен. Вториот пат скокнавме пак со двете нозе јас и Љуљзим од Прешево, и во тој момент успеавме да излеземе надвор од автобусот Мислев само на тоа да станам и да ги повикам другите да излезат од прозерецот од кајшто излеговме ние. Но кога се обидов да станам, видов дека половината ми е скршена, не можев да се исправам. Имав и скршеница на ногата. Кога се видов на асфалтот од спротивната страна, помислив дека ако дојде автомобил од спротивната страна, може да настрадам уште полошо. Се вртев, преминав на другата страна на патот и почнав да викам по син ми Висар, викав колку што можев погласно, затоа што мислев дека и тој скокнал зад мене, но Висар не одговори. За жал, и тој заврши трагично“, рече Орхан низ солзиЦЕЛИОТ ТЕКСТ И АУДИО РАЗГОВОРОТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКАИзвор и фото: Слободен печат

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-14.17.38

Јовески со детали каде е понајдено телото на детето во автобусот на „Беса транс“

Телото на детето било најдено во изгорениот дел на автобусот, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Тој кажа дека уверува околу тоа дека нема сомнеж за пронаоѓањето на уште едно тело, бидејќи автобусот имал големи оштетувања. При изработка на вештачењата за избувнувањето на пожарот, биле најдени остатоците од детето.„Осмиот патник го споменува едно од повредените лица кое е во болница, додека документацијата на болницата покажува друго. Во болницата има дека на лекување се донесени седум лица. Забележувањето во една таква трагична атмосфера, секое лице може да има забележани различни факти“, кажа Јовески.Тој додаде дека Обвинителството бара во процесот на идентификација на изгорените патници е побарано да учествуваат и двајца претставници на Институтот за судска медицина.„Во текот на денешниот ден, Обвинителството до властите во Бугарија упати замолница да присуствуваат утврдување на идентитетот на жртвите и двајца претставници од Институтот за судска медицина, за да се забрза процесот. Во изгорениот автобус е најдено уште едно тело на починат патник, кое е пренесено во институтот во Бугарија. Се работи за лице на помлада лице. Во сообраќајната несреќа настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница“, додава Јовески.На бугарските претставници ќе им е предадена и документација обезбедена од ОЈО. Според Јовески, тоа е документацијата од ‘Беса транс’, податоци за регистрација на автобусите, како и документи од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-at-15.59.20

Над 130 пати изгорениот автобус излегувал и влегувал низ границите без лиценца

Автобусот на „Беса транс“ за кој институциите кажаа дека не е лиценциран за да превезува патници, 135 пати ја напуштал и влегувал на територијата на Македонија, дознава „А1он“. Според информациите до кои дојде порталот, првпат, автобусот е регистриран во октомври минатата година.„Евидентирано е дека во 2020 година истиот автобус во 22 случаи има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има остварено 113 преминувања на државната граница. Ве известуваме дека предметниот автобус со регистарска ознака SK 0284 BA за прв пат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ“, потврдуваат од МВР за „А1он“.

Македонија | пред 4 години

260313106_613212406398753_4056357579578714066_n

Автобусот на „Беса транс“ поминувал граница со лиценца од друго возило на компанијата

Министерството за транспорт и врски најостро ги демантира сите шпекулации што ги објавуваат одредени медиуми, а со кои сакаат да предизвикаат чувство на несигурност во системот.„Веќе неколку пати Министерството за транспорт и врски информираше дека опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус. Со ова уште еднаш потврдуваме дека за истиот, превозникот нема извод од лиценца.За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници.Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс.Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.Потенцираме дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса Транс БТБ.Како превозникот вршел влез и излез од земјата, Министерството за транспорт и врски не е орган кој што има надлежност да контролира, овие информации ќе ги докажат меѓународните и домашните истражни органи.Повикуваме на објективно информирање, Министерството за транспорт и врски е отворено за соработка за сите информации поврзани со овој трагичен настан“, велат од Министерството за транспорт.

Македонија | пред 4 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

ДНК од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на бугарските истражни органи

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне.Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји.Целото вклучување на следниот ЛИНК.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Нема евиденција дека автобусите на „Беса транс“ излегле од државава, директорката на Царина објасни зошто

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека цариниците кои биле на смена не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.-Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18ти поминале уште три автобуси на Беса транс, и за нив немаме евиденција во системот. Имаме одредени документи како патен лист, интербус и патна листа. Тоа е уште една причина дека имало несовесно постапување. Но, тоа не значи дека не била побарана лиценца. Самата постапка налага возачот да приложи низа документи, меѓу кои и изводот од лиценцата. Врз основа на тие документи треба да се направи електронската евинденција. Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, рече Кутиров.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Еден возач бил идентификуван при излез на автобусот, а не два, вели директорката на Царина

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека според информациите кои тие ги имаат, при од излезот на автобусот на Беса Транс од Македонија, Царината регистрирала вкупно 52 лица во автобусот, од кои едно лице било идентификувано како возач.-Според она што колегите го прибавија од внатрешната контрола во патниот лист има вкупно 50 патници, додека во листата на патници се 51 патник, плус еден возач. Така да, генерално имаме информација за 52 лица, од кои едниот е идентификуван како возач. Не можеме да утврдиме дали некое од другите 51 лице е вториот возач, рече Кутиров.

Македонија | пред 4 години

joveski-ruskovska

Обвинителствата ќе ги споредуваат листите на патници од граничните премини

Веднаш по денешната прес конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листи на патници кои со автобуси на БЕСА ТРАНС ја напуштиле Република Северна Македонија на 18.11.2021 година и листи на патници кои влегле во државава на 22.11.2021 година.Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус.Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден.

Македонија | пред 4 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

Двајца полицајци и нивните семејства меѓу жртвите во автобуската трагедија

Двајца полициски службеници се меѓу жртвите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија на автопатот „Струма“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде дека и членови на семејствата на вработените во МВР, се меѓу жртвите.„Колегите од МВР беа во Бугарија имаа контакти со тамошните колеги и се договорија како понатаму да продолжат. Од Институтот за судска медицина работат со колегите од Бугарија. Со обвинителите е договорен начинот на комуникација, за полесно да се обезбедат материјали и докази“, кажа Спасовски.Спасовски кажа дека сѐ што ќе биде побарано од бугарските истражители, ќе биде доставено од Македонија, а до тогаш, се останува во постојана комуникација со тамошните тимови.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања