🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

23 октомври

den

Ден на македонската револуционерна борба

Денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Во 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина за да ги постават темелите на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-10-17-133253

Објавен добитникот на државната награда „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет.Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски.Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври 2024 година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања