АЛИ АХМЕТИ

Нема фотографија

ВРЕДИ: Насер Зибери го изнесе на површина лицемерието на Али Ахмети

,,На ДУИ не може да и се верува.Ова на директен начин пред два дена во телевизиско интервју го потврди и поранешниот кандидат на ДУИ за прв албански премиер во 2020 година, Насер Зибери, кој посочи некои работи, кои албанската опозиција од самиот почеток ги потенцираше, елаборирајќи ги со цврсти аргументи. Со ова, господинот Зибери директно ги демантираше тезите на Али Ахмети, истовремено истакнувајќи го неговото лицемерие.Насер Зибери беше многу јасен велејќи дека првиот албански премиер, наместо 100 дена на оваа функција, требало да биде најмалку две години, бидејќи 100-те дена, како што нагласи здружената албанска опозиција, се само во служба на технички прашања. Впрочем, премиерот од 100 дена е уште едно лицемерие и измама што се обидоа да им служи на Албанците, и ова се докажува секојдневно. Уште повеќе, тоа претставува чист обид да се фрли пепел во очите на Албанците.Спонтано се поставува прашањето, дали 2-годишниот мандат на албанскиот премиер бил заменет и продаден за милионите од скандалот Соравија, трговскиот центар во срцето на Скопје, купен од 25-годишниот внук на Али Ахмет за 35 милиони евра?Дали првиот албански премиер се продаде за валканите милиони од бизнисот со казината што Артан Груби преку својата Лотарија ги реализира со српското и бугарското подземје?Зибери зборуваше и за тандемот Артан Груби-Бујар Османи, кои, според него ги усложнувале односите во власта, и правеле гафови кои создале силен анти-ДУИ дух кај народот.Да потсетиме, и до ден денес никој не може да го заборави приемот на десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров во Скопје од Бујар Османи. Значи, многу е јасно дека ДУИ од партијата на војната се претвори во партнер на Москва и Белград.Меѓу другото, Насер Зибер ја кажа и вистината за избегнувањето на Али Ахмети да биде кандидат за претседател на овие претседателски избори.Почитувани граѓани, почитувани медиуми, дури и Али Ахмети знае дека лошо ќе загуби, затоа реши да го жртвува Бујар Османи.", велат од коалиција ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети: Сега сме одлучувачки фактор во Македонија, ДУИ е крвта на мртвите Албанци

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и вчера имаше средби со граѓаните. Меѓу присутните беа и потпретседателот на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани. Ахмети пред присутните, ДУИ ја претстави како „крвта на затворените, мртвите Албанци“.„Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација. Албанците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат“, вели Ахмети.Тој во говорот го спомена и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех“, изјави Ахмети.

Македонија | пред 3 години

saraj-ali-960x595-1-367423

(ВИДЕО) Фатмир Лимани објави видео од имотот на Али Ахмети: Со чии пари е купен

Фатмир Лимани, поранешен сопартиец, внук на Али Ахмети, а сега потпретседател нa Беса, преку видео и објава на Фејсбук го прикажува имотот на лидерот на ДУИ и прашува на чие име и со чии пари се купени дузина куќи, објекти и парцели.Тој го прашува Ахмети дали мислел дека вечно ќе молчи за луксузниот имот на лидерот на ДУИ. Лимани прашува со чии пари и на чие име е седиштето во Тетово, партискиот штаб во Чаир во Скопје, вилата во заливот Лалез, хидроцентралите на реката Бачиште, каде и колку парцели се купени во Голем, парцелите околу „сарајот“ на Ахмети.Воедно Лимани прашува каде се исчезнати четири милиони евра од фондот на ОНА, кои според него не биле потрошени во конфликтот од 2001 година.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања