Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

али ахмети

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.,,На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, вели лидерот на ДУИ.Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.Ахмети, инаку, беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Македонија | пред 5 дена

ali-ahmeti-skenderbeg

Ахмети на последниот ден од кампањата ќе биде на протест во Тирана, ги откажа сите партиски активности, соопшти ДУИ

ДУИ денеска соопшти дека лидерот Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонароден протест.За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од ОВК била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија.Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 2 месеци

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што, според него, претставува значаен чекор во „историскиот плебисцит“ кој следува.– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – рече Ахмети.

Македонија | пред 2 месеци

gradonacalnik-dui

И Скендер Реџепи ќе се „трка“ за градоначалник на Скопје!

Во трката за прв човек на Скопје влегува и Скендер Реџепи од Народното движење. Веста ја објави Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека Реџепи претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.-„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.Противкандидатите на Скендер Реџепи веќе се познати, ВМРО оди со Орце Ѓорѓиевски, додека опозициската СДСМ се одлучи за Каја Шукова.За градоначалници гласаме на 19. октомври.фото: ФБ

Скопје | пред 4 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

„Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината“: Генералниот секретар на ДУИ објави фотографија од Али Ахмети до статуа на Скендербег!

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети на неговиот профил на Фејсбук објави фотографија од лидерот на партијата, Али Ахмети и напиша:-Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината!Под фотографијата се редаат бројни коментари, меѓу кои и-Респект команданте!-Патриотизмот не се докажува со зборови, туку со жртва. Лидерот Али Ахмети го посведочи тоа со сопствениот живот.

Македонија | пред 4 месеци

ahmetii

(ВИДЕО) Ахмети заигра на свадба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов е снимен на свадба во Кичево. На снимката се гледа дека тој е во добро расположение и го предводи орото. Не е прв пат Ахмети да биде снимен како игра оро.

Македонија | пред 4 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски до Ахмети: Ако е мудар ќе сфати зошто е во опозиција, сѐ уште живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски го советува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Ако е мудар Ахмети, вели, ќе сфати зошто е во опозиција.„За жал господинот Ахмети сѐ уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија. Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

izet-m

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, остро реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неговиот партиски колега Артан Груби, кој по ставањето на црната листа на САД и прогонувањето од страна на македонските органи за истрага, се сомничи дека се наоѓа скриен во албанскиот простор.„Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата! Не ја дампирајте албанската просторија со печатот на корупцијата и не вклучувајте ја во криењето на обвинетите за корупција и злоупотреба на службената позиција,“ напиша Меџити.Тој нагласи дека албанскиот простор треба да остане симбол на гордост и достоинство. „Личностите од црниот список на САД не смеат да ги прават албанските држави заложници на правдата и да ги вклучуваат во нивните злоупотреби. Ова е срам за политиката и политичарите албанци во Северна Македонија“, заклучи Меџити.Неговиот одговор следува по критиките кон политиките на ДУИ и улогата на партијата во заштитата на личности вклучени во корупциски скандали.

Македонија | пред 11 месец

ali-ahmeti

Ахмети ретерира, сепак не знаел каде е Груби

По вчерашната изјава дека Артан Груби се наоѓа на албанска тетиторија, лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети денеска ретерира, не знае каде се наоѓа неговиот прв соработник.„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјави Ахмети за ТВ 21.Вчера за косовските медиуми, Ахмети јасно кажа дека Груби се наоѓа на албанска територија. Ахмети побара правдата да не биде селективна и одмаздничка.Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија.

Македонија | пред 11 месец

470649560_8970726626322681_5134862709061506609_n

Ахмети на кафе во Приштина, според објава на социјалните мрежи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е во Приштина, Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.- Историско кафе со Али Ахмети во Приштина, напиша извесен Исмет Сулејмани, потенцирајќи дека фотографијата е денешна, со датум 17 декември.

Македонија | пред 11 месец

ahmeti-bjornstad

Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор во Хрватска: На регионот му треба стабилност и помирување

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Загреб се сретна со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, Арне Бјорнстад.Претседателот Ахмети и норвешкиот амбасадор разговараа за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Северна Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот, се наведува во соопштението на ДУИ.Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност.Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет.Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите.Ахмети нагласи дека се потребни два историски процеси во регионот, првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за не загрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-mickoski

„Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост“: Ахмети упати писмо до Мицкоски

ДУИ информира дека денеска, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата.Писмото, како што велат од ДУИ, е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, кое е приложено во целост во ова соопштение, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Северна Македонија и нејзината европска иднина.Писмото на Али Ахмети до Христијан МицкоскиПочитуван г. Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Северна Македонија.Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот.Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност.Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Северна Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност.Со почит,Али АхметиПретседател на Демократската Унија за Интеграција

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

ВРЕДИ: Европскиот фронт се распаѓа од лагите на Ахмети

„Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење“, велат од ВРЕДИ.„Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот.Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби.Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани.ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал.На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети ќе се огласи од Мала Речица

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе одржи прес конференција.Како што информираат од партијата тој ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт.Дуи по цели 20 години замина во опозиција. И покрај серијата укажувања и закани не се во групата со ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада.На прес-конференцијата Ахмети ќе го придружуваат партнерите од Европскиот Фронт кој на изборите на 8 мај освоија 18 мандати.Пратениците не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВРЕДИ: Насер Зибери го изнесе на површина лицемерието на Али Ахмети

,,На ДУИ не може да и се верува.Ова на директен начин пред два дена во телевизиско интервју го потврди и поранешниот кандидат на ДУИ за прв албански премиер во 2020 година, Насер Зибери, кој посочи некои работи, кои албанската опозиција од самиот почеток ги потенцираше, елаборирајќи ги со цврсти аргументи. Со ова, господинот Зибери директно ги демантираше тезите на Али Ахмети, истовремено истакнувајќи го неговото лицемерие.Насер Зибери беше многу јасен велејќи дека првиот албански премиер, наместо 100 дена на оваа функција, требало да биде најмалку две години, бидејќи 100-те дена, како што нагласи здружената албанска опозиција, се само во служба на технички прашања. Впрочем, премиерот од 100 дена е уште едно лицемерие и измама што се обидоа да им служи на Албанците, и ова се докажува секојдневно. Уште повеќе, тоа претставува чист обид да се фрли пепел во очите на Албанците.Спонтано се поставува прашањето, дали 2-годишниот мандат на албанскиот премиер бил заменет и продаден за милионите од скандалот Соравија, трговскиот центар во срцето на Скопје, купен од 25-годишниот внук на Али Ахмет за 35 милиони евра?Дали првиот албански премиер се продаде за валканите милиони од бизнисот со казината што Артан Груби преку својата Лотарија ги реализира со српското и бугарското подземје?Зибери зборуваше и за тандемот Артан Груби-Бујар Османи, кои, според него ги усложнувале односите во власта, и правеле гафови кои создале силен анти-ДУИ дух кај народот.Да потсетиме, и до ден денес никој не може да го заборави приемот на десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров во Скопје од Бујар Османи. Значи, многу е јасно дека ДУИ од партијата на војната се претвори во партнер на Москва и Белград.Меѓу другото, Насер Зибер ја кажа и вистината за избегнувањето на Али Ахмети да биде кандидат за претседател на овие претседателски избори.Почитувани граѓани, почитувани медиуми, дури и Али Ахмети знае дека лошо ќе загуби, затоа реши да го жртвува Бујар Османи.", велат од коалиција ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања