АНБ

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 5 месеци

anb-480x288-1

Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби, порача Ковачки

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на објавите за сериозни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност во време на претходното раководство.Ковачки изрази разочарување што, како што вели, за овие злоупотреби молчат претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор, јавниот обвинител, народниот правобранител, како и невладиниот сектор и здруженијата за човекови права. Според него, тоа уште еднаш покажува „кој ги влече конците во позадина“, иако станува збор за тешки прекршувања на Уставот и законите, како и на меѓународните конвенции.„Мора да имаме искрен и сериозен процес на прочистување од старите практики кои се користеле за оцрнување на опозицијата, за лично богатење и за партиски интереси. Одговорните лица мора конечно да бидат изнесени пред лицето на правдата – и извршителите, но и нарачателите,“ порача Ковачки.Тој обвини дека „остатоци од југословенските структури и нивни наследници“ сѐ уште попречуваат во извршувањето на должностите и повика службите да станат институции кои ќе ја штитат државата и граѓаните, наместо да се користат за политички притисоци.„Овие тешки злоупотреби се правени во период кога Македонија веќе беше членка на НАТО, а во исто време во Алијансата се брифирало дека лидер на опозицијата крои заговори,“ додаде пратеникот, посочувајќи дека ваквите постапки нанеле голема штета на угледот на државата.Ковачки обвини дека обвинителството „спиело и тогаш и сега“, а прашањето дали ќе има извинување за штетата нанесена на угледот и достоинството на поединци и институции останува

Коментари | пред 5 месеци

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации, коментира Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ со критички коментар реагира на најновите информации за незаконското следење. Тој посочува дека наместо службите да се занимаваат со сериозни криминални групи, вниманието било насочено кон политичари, новинари и обвинители.„Незаконито биле следени политичар, новинар, јавен обвинител и уште којзнае кој, у основа ништо ново. Но еве, и јас би сакал да знам што работеле службите и зошто директорот и тогашниот министер за внатрешни работи не се заинтересирале за следење на група која во судска постапка призна дека уште од 2022 година договарале и планирале ликвидации и грабнувања, и си копале дупки за жртвите низ државава,“ напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека токму таквите пропусти резултирале со трагични последици. „Со глава платија едно дете и еден средовечен човек, ни криви ни должни. Ете тоа мене ме интересира,“ додаде адвокатот.Со овој став, Туфегџиќ уште еднаш ја отвора темата за одговорноста на институциите и прашањето каде навистина бил насочен безбедносниот апарат во години кога, според него, најголемите закани биле оставени без надзор.

Коментари | пред 5 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Наместо две агенции, ќе има единствена безбедносна-разузнавачка служба, но потребно е време, вели Мицкоски

Ќе се спојуваат Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во единствена безбедносна-разузнавачка служба, но тоа ќе е долг процес кој ќе трае. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.„Таа процедура нема да биде јавна и брза. Кога ќе биде се завршено, ќе има јавна дебата, ќе дадат експертите мислења. Се подготвуваме за оваа реформа, бидејќи најголем дел од НАТО земјите ова го имаат направено. Да бидеме трперливи“, рече Мицкоски.Според него, ова ќе биде по примерите на други држави, како Словенија и Хрватска.Ова се предвидува и со програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите.-Во соработка со домашните експерти и граѓанскиот сектор, а со цел постигнување широка граѓанска и експертска поддршка, се предвидува спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во една единствена модерна безбедносно-разузнавачка служба. Агенцијата ќе биде раководена од високи професионалци избрани под строго утврдени критериуми според стандардите на ЕУ и НАТО. За правилно функционирање на Агенцијата, предвидуваме изградба на комплетно нов објект за таа намена, врз основа на строги безбедносни НАТО стандарди, надвор од Министерството за внатрешни работи, пишува во програмата на новата Влада која синоќа беше изгласана во Собранието“, стои во програмата.АНБ и ОТА (Оперативно-техничката агенција) произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, по големиот скандал дека УБК прислушувала над 20 илјади граѓани.

Македонија | пред 1 година

hristovski

Христовски потврди дека останува на чело на АНБ: Tоа е мојот предизвик

Бојан Христовски останува на директорската функција на АНБ, иако Рецензионата комисија го избра, а Наставно научниот совет на Факултетот за Безбедност го потврди изборот за асистент по криминалистички науки на конкурсот распишан пред три месеци.„Останувам во АНБ, тоа е мојот предизвик. Имам уште многу работа и има уште многу време, не очекуваат реформи. Сакам да бидам дел од тоа за кое сум се нафатил. Останувам во АНБ дефинитивно“, кажа Бојан Христовски, директор на Агенција за национална безбедност.За постапките кои надлежните органи ги водат за него, директорот на АНБ вели дека малку е симптоматично тоа што ДКСК, како што ќе завршат со истражување за еден предмет, повторно стигнува нова претставка. Тој се надева дека Антикорупциска во скоро време ќе излезе во јавност.„Би било добро, што е можно побрзо да завршат сите надлежни органи, кои водат некаква постапка за мене. Добро би било ДКСК со се што има досега да излезе во јавност да каже и јавноста да биде запознаена“, додаде Христовски.Антикорупциска пак, за предметот поврзан со директорот на АНБ со став дека постапката е во тек:„По утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на јавна седница, која ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК“.Од Обвинителство на вчерашниот брифинг посочија дека во врска со сомнителениот ТОЕФЛ сертификат и факултетска диплома на директорот се работи за кривични пријави од анонимни пријавувачи, а процесот на меѓународна правна помош е започнат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.46.00

Англискиот на директорот Христовски сега е во Обвинителство: му доставиле пријава за сертификатот

ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски.„До Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува“, велат од ОЈО-Скопје.Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа Јулија, чии сертификати се прогласени за фалсификати.-Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот, се вели во соопштението од СДСМ, па додаваат: „Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува. Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“.Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Македонија | пред 1 година

nov-direktor-anb-bojan-hristovski

Бојан Христовски именуван за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

На вчерашната владина седница беше одлучено да се направи промена на раководната позиција во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Досегашниот директор, Зарко Милошевски, беше разрешен од својата функција, а на негово место беше назначен Бојан Христовски.Бојан Христовски, новиот директор на АНБ, е познат по својата долга кариера во безбедносните институции на земјата. Тој претходно беше дел од Министерството за внатрешни работи, каде што стекна значајно искуство во областа на националната безбедност. Освен тоа, Христовски кратко време беше и директор на градското претпријатие „Паркинзи на Скопје“, позиција што ја напушти за да се врати во сферата на безбедноста.„Со оваа одлука Владата покажува дека безбедноста на земјата останува еден од приоритетите, а искуството на Христовски го прави идеален кандидат за оваа важна функција.“Промената во раководството на АНБ доаѓа во време кога националната безбедност е под лупа поради глобалните и регионалните предизвици. Новиот директор Христовски се очекува да продолжи да го зајакнува системот на национална безбедност и да се соочи со потенцијалните закани на современото безбедносно опкружување.

Македонија | пред 1 година

438793132_122143202360197509_7808624354279096904_n

Оперативната акција за претседателските избори е на маса: АНБ собира информации за изборни саботирања

Во врска со претстојните избори денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи, одржав состанок на кој присуствуваа дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, републичкиот јавни обвинител Љупчо Коцевски и претставници од обвинителствата низ државата.„На состанокот најпрво се заблагодарив за издвоеното време и досегашната успешна соработка на сите чинители кои се одговорни за безбедно спроведување на изборниот процес и потенцирав дека досега не се констатирани посериозни активности кои се насочени кон нарушување на истиот.Исто така, побарав од присутните секој во својот делокруг да сподели информации кои се од интерес за спроведувањето на изборите и начинот на кој ќе постапуваат институциите за време на изборниот ден.Од страна на директорот на БЈБ беа презентирани информации во врска со Оперативната акција Претседателски и парламентарни избори 2024 година и во таа насока посочи дека од страна на Оперативниот штаб и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план и притоа не се констатирани никакви позначајни проблеми.Од страна на АНБ се преземаат организирани и координирани мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности, а во насока на безбедно спроведување на изборите.Републичкиот јавен обвинител и претставниците од обвинителствата низ државата информираа дека е формирана Комисија за изборни нерегуларности во рамки на обвинителството, определени се зајакнати дежурства за изборниот ден за покривање на целото подрачје на државата и со будно внимание ќе се следи процесот и навремено ќе се известува за сите настани и активности кои се од интерес на јавноста, а поврзани со спроведувањето на изборите“, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

anb-480x288-1

Дали и рекетираните пари во име на АНБ требале да завршат кај Асаф Еисин?, прашува Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска беше запрашан од новинарите за коментар во врска со најновиот криминал, односно случајот каде што наводен лажен вработен во АНБ рекетирал бизнисмен во Скопје.„Вистинско прашање, вели Стоилковски, е кој бизнисмен би дал 180.000 евра на некој кој што само се претставува како вработен во АНБ, верува ли некој во првичното соопштение на ЈО, дека рекетарот само лажно се претставувал?„Како рекетарот го убедил бизнисменот дека има врска со АНБ, за да нема друг избор и да му даде 180.000 евра во пари, накит и автомобили? И тука доаѓаме до следното, каде требало да завршат парите? Дали рекетарот се претставувал во име на Заре Милошевски, директор на АНБ и Миле Зечевиќ? Влетува ли и АНБ во листата институции поврзани со Асаф Еисин и фалсификување на документи и фалсификување на потписи? Дали овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за ангажманот за СДС? Дали и рекетираните пари во име на АНБ, требале да завршат кај Асаф Еисин“, прашува Стоилковски додавајќи дека ова се случува во време кога нема одговор за злоупотреба на Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу, за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски и за СДС со фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски посочува дека ова е доказ зошто СДС мора да си замине од власт, никој не е безбеден со оваа криминална власт.„Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Иднината е во рацете на народот“, посочи Стоилковски.

Македонија | пред 1 година

culev

Чулев го бркаат од работа, тој откри дека има закани и уцени

Наќе Чулев доби суспензија, пред да му биде врачен и отказ од Агенцијата за разузнавање (АНБ), каде во минатото беше и директор. Тој повеќе не оди на работа и е раздолжен со АНБ. Причните не се откриваат, а Наќе Чулев на социјалните мрежи објави само дека тој е професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор. Отказот на Чулев доаѓа по 25 години работа во Агенцијата, а откако тој беше технички министер за внатрешни работи. Чулев имал и дисциплински постапки кои ги поведувале против него, но според сознанија на „А1он“ и пресуди каде тој добивал тужби поднесени против решенија на АНБ.„Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери“, вели Чулев.Тој решението за суспензија, која не неминовна пред да се врачи отказ, вели дека е поради политички прогон.„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции“, додава Чулев.Тој смета дека Власта која ја нарекува „криминална“, удрила по него и професионалниот интегритет.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања