АПЕЛАЦИЈА

Untitled-1

Ексклузивно, нова пресуда од Апелација: Камчев не е оштетен во „Рекет“, сега треба да им плати на Катица Јанева и Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да им плати и трошоци за тоа што ги тужеше Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, одлучи Апелациониот суд-Скопје, дознава „Скопје1“. Апелација целосно ја потврди пресудата која ја донесе судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, кој го одби тужбеното барање на Камчев кој бараше да му се вратат 1,5 милиони евра од предметот „Рекет“. Сега, Камчев ќе треба да им плати на Боки 13, Катица Јанева и државата, за судските трошоци кои им ги предизвикал со тужбата.„Пресудата на Основниот граѓански суд-Скопје се потврдува. Се задолжува тужителот Јордан Камчев од Скопје да му плати на првотужениот Бојан Јовановски трошоци за одговор на жалба во износ од 49.702 денари, на второтужената Катица Јанева трошоци за одговор на жалба во износ од 52.702 денари, на Република Северна Македонија, СЈО, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, трошоци за одговор на жалба во износ од 74.552 денари“, стои во дел од пресудата.Апелација смета дека судијата Димовски пресудил правилно кога ја донел одлуката во која меѓудругото наведе дека: „Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа, ова не е таков случај. За конкретното кривично дело, примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен“.Судењата за овој предмет во Граѓанскиот суд поминаа со караници и низа докажувања. Боки 13 му посочуваше на Камчев парите да ги бара кај обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот „Рекет“. Камчев пак, објаснуваше како ги дал парите, во колку наврати, од каде биле извадени.Ексспецијалната обвинителка Катица Јанева посочи дека ниту во кривичниот предмет „Рекет“ не била гонета дека земала дел од милионот. Караници имаше и кога сведок беше Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев. Во тужбата беше опфатен и Зоран Милески-Кичеец, за кого Камчев ја повлече тужбата.

Македонија | пред 1 година

sud-krivicen

Можевте веднаш да одлучите, наместо да го вратите предметот, Кривичен суд ѝ врати на Апелација за “27 април”

Кривичниот суд во однос на одлуката на Апелација за предметот кој во јавноста е познат како „Организатори 27 – ми април“, кој го врати на повторно судење, испрати реакција до медиумите. Тие посочуваат дека Апелација можела да одлучи без предметот да го враќа на ново судење.Реакцијата од Кривичен суд, во целост:„Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување. Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас.Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок.Сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, во Кривичниот суд, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи. Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука“, велат од Кривичен суд.„Неутврдена е фактичката состојба“, „има недостатоци поради кои не може да се испита законитоста“, „пресудата е нејасна“, „неутврдени дејствија на обвинетите“, „недоволно расправање за амнестијата“. Ова се неколку образложенија кои ги користи Апелациониот суд за да му укаже на Кривичниот суд зошто ја укина пресудата за „Организатори на 27 април“. Судиите од Апелација, Татјана Дуковска, како претседател на советот, заедно со Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи бараат Кривичен суд, односно нивниот колега Илија Трпков, да ги исправи овие недостатоци и да ја утврди точната состојба при повтореното судење.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања