АВСТРАЛИЈА

screenshot-2024-04-13-092708

Нови детали за нападот во трговскиот центар во Сиднеј: Сомневање дека мајка и бебе се меѓу жртвите, полицијата застрела маж

Во нападот што се случи денеска во голем трговски центар во Сиднеј има жртви, а се сомнева дека меѓу нив има и мајка и бебе.Австралискиот портал News.com.au објави дека во нападот загинале четири лица, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.Исто така, истиот извор повикувајќи се на зборовите на сведоците од местото на настанот наведува дека меѓу жртвите има мајка и бебе.Еден сведок изјави за News.com.su дека видел тела на двајца млади пред продавницата JD Sports на четвртиот кат.Информацијата за четворицата загинати ја објави „Сиднеј морнинг хералд“ повикувајќи се на неименувани извори во австралиската полиција.„Уште многу се во критична состојба, изјавил полициски извор кој не бил овластен да зборува јавно, пишува весникот.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-19-at-08.05.24

Драма: Околу 700 луѓе останаа блокирани, прекинати сите врски - циклон во Австралија

Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата.Малата заедница Борулула на северната територија беше погодена од циклон од трета категорија во вчера попладне.Циклонот Меган донесе обилни врнежи и ветер кој достигна 200 километри на час, соопштија метеоролозите.https://twitter.com/SteveEdgoMLA/status/1769865877309288481?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1769865877309288481%7Ctwgr%5E075a61c996861b8781d66c665775ba397e186e81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fsvet%2F6205%2Fdrama-oko-700-ljudi-ostalo-blokirano-prekinute-sve-veze%2FvestАвстралиската армија се обиде да ги евакуира жителите, но поради временските услови воените авиони не можеа да слетаат во загрозената област.Официјални лица изјавија дека е планирана нова спасувачка операција за денеска.https://twitter.com/BackpirchCrew/status/1769866092711715087?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1769866092711715087%7Ctwgr%5E075a61c996861b8781d66c665775ba397e186e81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fsvet%2F6205%2Fdrama-oko-700-ljudi-ostalo-blokirano-prekinute-sve-veze%2FvestЦиклонот Меган ослабе во северна Австралија, но обилните дождови продолжуваат.

Свет | пред 1 година

avstralija

(Видео) Драматично во Австралија: Пожарот во Викторија продолжи да се шири, стотици граѓани евакуирани, огнот зафати куќи и згради

Шумскиот пожар во австралиската држава Викторија продолжи да се шири денеска, поради што властите наредија итна евакуација на стотици жители на населбата Амфитеатар.Во исто време под контрола е ставен пожарот што избувна на почетокот на неделава во државата Викторија во градовите Раглан и Бофор, пренесува Ројтерс. Повеќе од 2.000 луѓе беа евакуирани од тие градови откако пожарот што ја зафати ниската вегетација излезе од контрола во петокот.Австралиската јавна служба денеска извести дека три куќи и неколку помошни згради биле уништени за време на овонеделните пожари во државата Викторија.Во гаснењето на пожарот учествуваа околу 1.000 пожарникари поддржани од повеќе од 50 авиони.Во пожарите во Австралија во текот на летото 2019 година загинаа 33 лица и уништија област со големина на Турција.

Свет | пред 1 година

avstralija-1

Телевизиски водител и неговото момче брутално убиени од полицаец: Пронајдени тела во австралиско село, откриени траги од тепачка со убиецот

Австралиската полиција денеска ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои наводно биле убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешно момче на водителот.Полицијата соопшти дека Ламар претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телото, пронајдено во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј, пренесува АП.„Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси“, изјави началникот на полицијата Карен Веб.Злосторството наводно било извршено во Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба. Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека обоена со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула, 28 километри од местото на злосторството.Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања