АВТОМОБИЛИ

Screenshot-2022-08-13-141411

(ВИДЕО) Како изгледа најголемата бензинска пумпа во светот

Најголемата бензинска станица е со големина на фудбалско игралиште.Нивните бензински пумпи се опишани како „пумпи на стероиди“, а можат да се пофалат и со најголемиот „мини“ маркет во светот. Бензинската пумпа на Buc-ee е создадена и дизајнирана за потребите на американската држава Тексас.Buc-ee's во градот Бастроп во Тексас се прошири на неверојатни 5.202 квадратни метри. Како дел од бензинската пумпа има дури 71 тоалет, 96 прегради за полнење гориво и 655 паркинг места. Само поради нивните димензии, нивните бензински пумпи се туристичка атракција сами по себе.Амбалажата за газирани сокови на Buc-ee доаѓа во сите можни комбинации, така што за само 79 центи можете да наполните сад со големина на човечка глава со Кока-Кола.Уште една бензинска пумпа во градот Њу Браунфелс, во близина на Сан Антонио, моментално го држи рекордот за најголем мини-маркет во светот. Имено, покрај 60 прегради за полнење гориво и дури 1.000 паркинг места, пронајден е простор и за продавница на површина од 6.224 метри квадратни.Тука е и најголемата перална за автомобили во светот, долга 77 метри.Големината на овие бензински пумпи ги инспирираше Јутјуберите Кара и Нејт да поминат 24 часа на бензинската пумпа на Буц-ее и да направат видео за тоа.Тие заклучија дека Buc-ee's изградил еден вид култ во Тексас, бидејќи немало некој што не бил таму. Тие станаа свет за себе: нудат свој бренд на слатки, хамбургери, кафе, па дури и облека.

Магазин | пред 3 години

ferari-na-majk-tajson-640x330-1

Се продава Ферарито на Тајсон

Ферари Ф50, кој претходно беше во сопственост на боксерскиот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, исто така ќе биде понуден на аукцијата на Gooding & Company подоцна овој месец.Според проценките, автомобилот ќе биде продаден помеѓу 4,5 и 5,5 милиони долари, пишува Autoblog.Во прашање е F50 со број на шасија 104220 и произведен на 13.02.1996 год. Тој е исфарбан во Rosso Corse и е еден од само 55. примероци првично направени за американскиот пазар.Во 2001. година, Мајк Тајсон го продал на ко-основачот на Infospace, Кевин Маркус. Во текот на следните две децении, автомобилот поминал низ рацете на неколку колекционери.Во мај оваа година, сегашниот сопственик го испратил во Ferrari Fort Lauderdale каде што бил подложен на голем сервис кој, меѓу другото, вклучуваше и поставување на нова спојка и гуми.За автомобилот во изминатите шест месеци се потрошени повеќе од 75.000 долари.Се продава со само поминати 6.193 милји (9.966 km).

Магазин | пред 3 години

kgn-img-440714

Колку регистрирани „Југо“ автомобили има денес во Америка

Некогаш „Застава“ на американскиот пазар извезла вкупно 141.511 примероци од моделот „Југо“.Благодарение на извештајот со податоци за регистрации на автомобили за третиот квартал од 2021 година во Америка, може да се открие колку примероци од секој модел се правилно регистрирани на патиштата во САД. Меѓу нив е едно големо изненадување – Југо.Интересно е што се регистрирани дури 408 примероци, што на прв поглед е мала, но и голема бројка кога ќе се земе во предвид ликот на овој автомобил, пишува chicagoglasnik.com.Сепак, во последно време е се подобар со оглед на тоа што важи за олдтајмер и возило кое привлекува големо внимание каде и да се појави. Згора на тоа, многу Американци се обидуваат да укажат на фактот дека тоа не е најлошиот автомобил на сите времиња, иако се уште кружи низ медиумите во негативен контекст.За споредба, бројот на регистрирани „Југа“ е речиси ист со збирот на сите автомобили Рено, Ланчиа и Бугати заедно во САД.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Шефот на Фолксваген заминува

Извршниот директор на Фолксваген ненадејно ја напушта функцијата, на 1 септември.Компанијата во петокот објави дека главниот извршен директор Херберт Дис ќе биде заменет со Оливер Блуме, шеф на одделот на Volkswagen на Porsche Performance.Фолксваген, вториот по големина производител на автомобили во светот, не ја наведе причината за заминувањето на Дис. Но, во извештајот на Ројтерс, цитирајќи неименувани извори, се вели дека семејствата Порше и Пиех, кои меѓу нив го поседуваат мнозинството од гласачките права на Фолксваген, бараат промена во раководството. Компанијата не одговори веднаш на барањето за коментар за наводите.Си-Ен-Ен оценува дека ова бил напорен и предизвикувачки мандат за Дис. Тој го презеде управувањето со компанијата во 2018 година, по скандалот „дизелгејт“ што ја принуди компанијата да плати огромни американски и европски казни за лажни отчитувања на емисиите.Сепак, тој успеа да го стави тој скандал „во ретровизор“ на компанијата и се фокусираше на електрични возила повеќе од многу етаблирани производители на автомобили, позиционирајќи го Volkswagen на самиот врв на новата индустрија, пренесува Investor.VW соопшти дека ќе потроши 89 милијарди евра во следните пет години за развој на електрични возила, што е околу половина од планираните трошоци во тој период, и има за цел електричните возила да претставуваат четвртина од продажбата до крајот на 2026 година.Бројот на електрични возила со батерии продадени од VW речиси се удвои во 2021 година на речиси 453.000 на глобално ниво, ставајќи го на третото место зад Tesla и General Motors.„Херберт Дис одигра клучна улога во унапредувањето на трансформацијата на компанијата. Групацијата и нејзините брендови се одржливи за иднината, нејзините иновативни способности и моќта за заработка се зајакнати“, рече Ханс Дитер Поч, извршен директор на компанијата.„Тој не само што ја водеше компанијата низ исклучително турбулентни води, туку и темелно спроведе нова стратегија“, додаде тој.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања