„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

автомобили

media-librarygkqn877akssrfF3DxeF

Зошто автомобилот одеднаш ви троши повеќе гориво? Проблемот можете да го решите за малку пари

Кога потрошувачката на гориво нагло ќе се зголеми, проблемот најчесто не е во бензинската пумпа, туку во самиот автомобил. Причините можат да бидат различни – од начин на возење до технички дефекти.Најпрво проверете ги гумите: ако се премалку напумпани, автомобилот троши повеќе гориво. Потоа филтерот за воздух – кога е затнат, моторот не добива доволно воздух и согорува повеќе гориво. Исто така, проверете дали сопирачките „заглавуваат“, бидејќи тоа создава дополнителен отпор при возење.Неправилно моторно масло и неисправен систем за ладење можат да ја зголемат потрошувачката и до 15%. Ламбда сондата, сензорот за проток на воздух или валканите инјектори често се причина за „невидливо“ зголемување на трошоците.Не заборавајте ги и свеќичките – ако се истрошени или валкани, согорувањето е неефикасно и моторот троши повеќе. Слично важи и за EGR вентилот – ако е заглавен, смесата не е правилна и потрошувачката расте.Најчести решенија: проверете ги гумите, сопирачките, филтерот за воздух, свеќичките и сензорите. Мала неисправност може да предизвика голем трошок ако се игнорира. Редовната контрола и навремен сервис се најдобра заштита – за мотор што работи ефикасно и троши онолку колку што треба.

Магазин | пред 1 месец

Screenshot-2025-09-16-090132

(Фото) Изгореа автомобили во сервис за возила во Пинтија

Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот.– Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред шест часот – информираа од ДЗС.Фотографии објави и градоначалникот на Кисела вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски-После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко - вистински чувари на градот и наши херои!Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.Повикувам на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство, ова мора да запре!

Скопје | пред 3 месеци

IMG_4224

Изгореа пасат и џип во Гевгелија, истрагата во тек

Два автомобили изгореа рано утрово во Гевгелија во пожар кој избувнал пред куќа на жител од градот, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 4 месеци

496980841_1229407675231148_3557440096260402527_n

(Видео) Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута мирување

Од денес, граѓаните на Скопје имаат нова, поеколошка опција за превоз – електрични автомобили достапни за изнајмување преку словенечката компанија „Авант кар“. Услугата се наплатува 22 денари по извозен километар и 5 денари по минута додека возилото мирува.Во првата фаза, достапни се 100 електрични автомобили, кои се поставени на посебно обележани паркинзи низ градот.Промотивно возење денес направија министерката за енергетика, Сања Божиновска, и министерот за животна средина, Изет Меџити. Тие со одделни електрични автомобили пристигнаа пред Владата, каде ги пречека сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер.„Ова е мал, но значаен чекор кон одржлива иднина. Ќе има помалку бучава, помалку загадување и повеќе слободни паркинг-места. Очекуваме оваа услуга да донесе поевтин и поеколошки превоз, достапен и за граѓаните и за институциите“, изјави Чер. Тој најави дека во наредните 2-3 години, бројот на возила може да достигне до 1.000 и да се прошири во други македонски градови.Министерот Меџити го поддржа проектот, нагласувајќи дека вакви иницијативи носат придобивки за животната средина и квалитетот на живеење во урбаните средини.Министерката Божиновска очекува новата услуга да биде особено привлечна за младите. Таа најави дека ќе се работи на одобрување на паркинг-локации во близина на универзитетите и повика на соработка од страна на општините.За користење на услугата потребна е мобилна апликација, која од денес е достапна за преземање.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-02-at-08.51.44

Еден од најмоќните луѓе во западната автомобилска индустрија ненадејно поднесе оставка: Не е мистерија што се случува...

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, ненадејно поднесе оставка , што е потврда дека целата западна автомобилска индустрија е во длабока системска криза.Stellantis поседува американски Jeep и европски Peugeot и Fiat во своето портфолио, а Таварес имаше репутација како еден од најимпресивните деловни лидери на Запад и надвор од автомобилската индустрија.Имаше класичен конфликт меѓу Тавареш како извршен директор со се поскептичните членови на Одборот на директори и големите акционери, откако акциите на Стелантис изгубија 40 отсто од вредноста оваа година. Таварес ја понуди својата оставка, која претседателот на Управниот одбор Џон Елкан ја прифати со „веден ефект“.Иако фокусот на европските медиуми во последните две години беше насочен кон драмата на германската автомобилска индустрија, особено на Фолксваген, оставката на Тавареш е потврда дека секој агол на западната мобилност е под притисок од промените во општите деловни услови и кинеска конкуренција.Ако динамичен бизнис лидер како Карлос Таварес се најде во ситуација да мора да поднесе оставка, се поставува прашањето дали некој навистина може да биде конкурентен на меѓународно ниво без да го промени општиот правец на западните јавни политики.Stellantis, четвртиот најголем производител на автомобили во светот, беше создаден во 2021 година со спојување на Fiat Chrysler Automobiles и PSA Group. Таварес одигра клучна улога во тој процес, откако претходно ја водеше PSA Group од 2014 година.И покрај неговите успеси, Stellantis се соочи со предизвици, вклучително и пад на продажбата и зголемен залихи, особено на северноамериканскиот пазар.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Форд повлекува половина милион автомобили

Форд повлече речиси половина милион компактни теренци и пикап возила поради проблеми со батериите.Поточно, станува збор за 456.565 повлечени единици во САД, објави во средата Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).Повлекувањето ги опфаќа SUV моделите на Bronco Sport произведени помеѓу 2022 и 2024 година и моделите на Maverick произведени помеѓу 2022 и 2023 година.Лошо наполнетата батерија може да предизвика некои електрични додатоци како што се светлата да не функционираат правилно и може да предизвика губење на напојувањето кај оштетените возила.Дилерите ќе ги рекалибрираат сите потребни модули за бесплатно да го решат проблемот во погодените автомобили, соопшти NHTSA.

Магазин | пред 1 година

RSBSP_02

Во кои земји се произведуваат најмногу автомобили

Во светот минатата година во 39 земји се произведени 93,54 милиони автомобили и лесни комерцијални возила, а најголем светски производител е Кина со 30,16 милиони возила, објави српското здружение на увозници на возила и делови.На второ место се САД со 10,61 милиони возила, додека Јапонија е трето со 8,93 милиони произведени возила.Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се Индија, Јужна Кореја, Германија, Мексико, Шпанија, Бразил, Тајланд, Канада, Франција, Турција, Чешка, Индонезија, Словачка и Велика Британија.Само кога станува збор за патнички возила, произведени се 67,13 милиони од нив, повторно најмногу во Кина, САД и Јапонија, а потоа следат Индија и Германија.По нив следуваат Јужна Кореја, Шпанија, Бразил, Чешка, Индонезија, Словачка и Франција.Една година претходно во светот беа произведени 84,83 милиони возила, во 2021 година таа бројка беше околу 80 милиони возила, во 2020 година беа произведени 77,43 милиони, а во 2019 година речиси 92 милиони возила.Во сите европски земји во 2023 година се произведени 18,12 милиони возила, а во 2022 година околу 16,03 милиони возила.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Кои автомобили губат најмногу во вредност, а кои најмалку после една година

Има купувачи кои размислуваат за вредноста што ќе ја има автомобилот по неколку години во случај на продажба.Кога купуваат автомобил, повеќето купувачи ги земаат предвид важните детали како што се сигурноста, безбедноста, дизајнот или моќноста на моторот. Но, има и купувачи кои размислуваат за вредноста што ќе ја има автомобилот по неколку години во случај на продажба и колку пари ќе добијат за половен, за да вратат дел од инвестицијата.Не е тајна дека новите автомобили губат вредност во моментот кога ќе го напуштат изложбениот салон, а според студијата iSeeCars, се покажува дека е значителна сума. На врвот на неславната листа во Америка е електричниот премиум Mercedes EQS кој по само една година губи неверојатни 48,7 отсто од просечната цена!Станува збор за сумата, односно загубата од 65.143 долари.Тоа не е единственото електрично возило на листата на автомобили со најбрзо пад на вредноста. Пет од десет возила во студијата се електрични возила, вклучувајќи го и Nissan Leaf на второто место. Јапонскиот „електричар“ губи во просек по 15.786 долари, но со многу пониска почетна цена, па станува збор за пад од 45 отсто.Jaguar F-Pace е придвижуван од мотор со внатрешно согорување, но овој автомобил е трет автомобил со најмногу амортизација (-35,4%) по една година возење во Америка.Alfa Romeo Giulia забележа пад од 33,4 отсто, по што следи уште еден EV, Kia EV6 со пад на вредноста од 33,3 отсто, пишува Motor1.Од друга страна, автомобилот кој најмалку губи вредност е Kia Rio, кој во просек губи само 21 долар по една година користење. Тоа е пад од само 0,1 отсто, што значи дека лесно користениот Rio сè уште ја достигнува речиси цената на новото.Интересно е што Mercedes G-class на листата на модели со најмало намалување на вредноста од 2,3 отсто е веднаш зад моделот Rio.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Форд губи 365 милиони долари

Компанијата Форд Мотор ќе плати 365 милиони долари за подмирување на обвиненијата во САД дека ги прекршила федералните тарифни закони, односно обидот да ги избегне увозните давачки.Одделот за правда соопшти дека спогодбата ги решава наводите дека Форд изработил шема за избегнување повисоки царини со погрешно класифицирање на камионите увезени од Турција помеѓу април 2009 и март 2013 година.Американскиот производител погрешно ги класифицира своите возила „Транзит конек“, што ја потцени вредноста на стотици илјади автомобили, објави Ројтерс.Американската влада рече дека оваа одлука претставува една од најголемите царински казни во поновата историја.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Nissan најавува самоуправувачко такси

Тие ќе користат мини комбиња во областа Јокохама јужно од Токио.Јапонскиот производител на автомобили Nissan планира да воведе самоуправувачки такси во Јапонија во рок од неколку години. Услугата, која беше планирана поради недостигот на таксисти како резултат на стареењето на населението, се очекува да биде достапна во деловната година почнувајќи од април 2027 година, пренесува Мина.Како што неодамна објави компанијата, ќе започне со тестирање на комерцијални услуги во претстојната фискална година, користејќи мини комбиња во областа Јокохама јужно од Токио.„Локалните заедници се соочуваат со голем број предизвици за мобилност, вклучително и недостиг на возачи како резултат на стареењето на населението“, се вели во соопштението на Nissan.При лансирањето на услугата, тие планираат да соработуваат со локалните власти и транспортните оператори за да „обезбедат широк спектар на нови услуги кои овозможуваат слободно движење“.Јапонија е далеку од единствениот град со автономни возила на улиците, но нејзината влада го направи забрзувањето на развојот на технологијата клучен приоритет бидејќи земјата се соочува со недостиг на работна сила и стареење на населението кое има потреба од транспорт.Според Законот за патен сообраќај, на возилата со самоуправување од четврт степен им е дозволено да возат на јавните патишта во Јапонија под одредени околности од минатата година. Автономијата на возилото е рангирана на скала од нула до пет, каде што вредноста од пет значи целосно автономно возење. Nissan соопшти дека тестира деловни модели за самоуправувачки услуги за мобилност во Јапонија и во странство од 2017 година.

Магазин | пред 1 година

2020-lada-niva-4x4-650x400-1

Русите планираат да произведуваат 500.000 автомобили Лада годишно

Европските санкции кон Русија би можеле да предизвикаат сериозни проблеми за локалната автомобилска индустрија, но Лада се надева на закрепнување благодарение на лансирањето на новите модели планирани за иднината и новата цел која вклучува производство на 500.000 возила годишно.АвтоВАЗ, сопственик на марката Лада, сега е ослободен од влијанието на Групацијата Рено откако француската компанија ги продаде своите руски средства на државата - барем засега.Набргу по руската инвазија на Украина, проблемите со снабдувањето предизвикани од санкциите ја принудија Лада да произведува и продава „соголени“ возила без ABS, воздушни перничиња и климатизација. Сепак, рускиот производител на автомобили не се откажува и има нов план за преструктуирање на бизнисот.Максим Соколов, поранешен министер за транспорт на Русија и актуелен претседател и извршен директор на АвтоВАЗ, откри дека предлозите за нови модели на Лада ќе бидат претставени пред одборот овој месец.Како што објави Automotive News Europe, за време на неговиот говор на економскиот форум, Соколов рече:„Откако претходните акционери на Renault си заминаа во мај, компанијата беше без работа повеќе од два месеци... но успеавме да воспоставиме нови производни синџири и логистика и да обезбедиме снабдување со компоненти за производство на основни модели“.Под претходна сопственост, Lada требаше да претстави нови модели базирани на механичката платформа CMF, кои ќе бидат споделени со брендот Dacia.Сепак, без пристап до компонентите од алијансата Renault-Mitsubishi-Nissan, Lada би можела да се потпре на користење на постари платформи и мотори за своите нови модели.Ова не е проблем за рускиот пазар, бидејќи европските регулативи за емисии и безбедност во моментов не важат таму. Интересно е тоа што Lada работи и на својот прв електричен автомобил, навестен од концептот e-Largus, базиран на електрифицираната B0 база на Renault Group.Новата цел на производство е 500.000 единици годишно, од кои повеќето ќе се произведуваат во фабриката во Тољати, која моментално вработува 42.000 работници.Ова е поскромна цел од претходните поставени од Рено, вложувајќи милијарди во таа фабрика.Во август, АвтоВАЗ го пресели производството на Лада Веста од Ижевск во Толјати, притоа нудејќи им на своите работници пакети за доброволно напуштање на компанијата.Рускиот автомобилски пазар доби удар оваа година, со продажбата на нови автомобили во јули намалена за речиси 75 отсто од 2021 година. Ситуацијата беше подобра во август, иако вкупниот број остана за 62 отсто помал од минатата година, наведува Европската бизнис асоцијација (АЕБ).

Магазин | пред 3 години

viber_image_2022-05-17_13-11-37-947-650x412-1

Рено ја напушти Русија, се е подготвено за враќање на Москвич

До крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат опремени со електромотори.Поранешната московска фабрика на француската компанија Рено треба да започне со работа до крајот на 2022 година под името Москвич, изјави Владимир Јефимов, заменик градоначалник задолжен за економска политика и имотни односи.Според неговите зборови, подготовките за почеток на производството се одвиваат според планот, пренесува агенцијата Финмаркет.До крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат опремени со електромотори. Во 2023 година компанијата ќе произведе најмалку 50.000 автомобили, а во 2024 година сите 100.000.Бројот на електрични автомобили ќе биде 10, односно 20 илјади.Целосниот производствен циклус со заварување и бојадисување на каросеријата е закажан за 2024 година. Планирано е да се произведат пет модели под значката Москвич: четири кросовери и еден седан.Како што претходно објави Autostat.ru, владата на Москва и КАМАЗ се договорија за распределба на акциите во капиталот на фабриката за автомобили Москвич и инвестирање во нејзиниот развој во износ од 5 милијарди рубли. КАМАЗ ќе дејствува како технолошки партнер на проектот.Формирана е и патна карта за создавање на единствена руска механичка платформа за возила на која ќе се развива моделската палета на домашната индустрија за патнички автомобили.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-08-13-141411

(ВИДЕО) Како изгледа најголемата бензинска пумпа во светот

Најголемата бензинска станица е со големина на фудбалско игралиште.Нивните бензински пумпи се опишани како „пумпи на стероиди“, а можат да се пофалат и со најголемиот „мини“ маркет во светот. Бензинската пумпа на Buc-ee е создадена и дизајнирана за потребите на американската држава Тексас.Buc-ee's во градот Бастроп во Тексас се прошири на неверојатни 5.202 квадратни метри. Како дел од бензинската пумпа има дури 71 тоалет, 96 прегради за полнење гориво и 655 паркинг места. Само поради нивните димензии, нивните бензински пумпи се туристичка атракција сами по себе.Амбалажата за газирани сокови на Buc-ee доаѓа во сите можни комбинации, така што за само 79 центи можете да наполните сад со големина на човечка глава со Кока-Кола.Уште една бензинска пумпа во градот Њу Браунфелс, во близина на Сан Антонио, моментално го држи рекордот за најголем мини-маркет во светот. Имено, покрај 60 прегради за полнење гориво и дури 1.000 паркинг места, пронајден е простор и за продавница на површина од 6.224 метри квадратни.Тука е и најголемата перална за автомобили во светот, долга 77 метри.Големината на овие бензински пумпи ги инспирираше Јутјуберите Кара и Нејт да поминат 24 часа на бензинската пумпа на Буц-ее и да направат видео за тоа.Тие заклучија дека Buc-ee's изградил еден вид култ во Тексас, бидејќи немало некој што не бил таму. Тие станаа свет за себе: нудат свој бренд на слатки, хамбургери, кафе, па дури и облека.

Магазин | пред 3 години

ferari-na-majk-tajson-640x330-1

Се продава Ферарито на Тајсон

Ферари Ф50, кој претходно беше во сопственост на боксерскиот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, исто така ќе биде понуден на аукцијата на Gooding & Company подоцна овој месец.Според проценките, автомобилот ќе биде продаден помеѓу 4,5 и 5,5 милиони долари, пишува Autoblog.Во прашање е F50 со број на шасија 104220 и произведен на 13.02.1996 год. Тој е исфарбан во Rosso Corse и е еден од само 55. примероци првично направени за американскиот пазар.Во 2001. година, Мајк Тајсон го продал на ко-основачот на Infospace, Кевин Маркус. Во текот на следните две децении, автомобилот поминал низ рацете на неколку колекционери.Во мај оваа година, сегашниот сопственик го испратил во Ferrari Fort Lauderdale каде што бил подложен на голем сервис кој, меѓу другото, вклучуваше и поставување на нова спојка и гуми.За автомобилот во изминатите шест месеци се потрошени повеќе од 75.000 долари.Се продава со само поминати 6.193 милји (9.966 km).

Магазин | пред 3 години

kgn-img-440714

Колку регистрирани „Југо“ автомобили има денес во Америка

Некогаш „Застава“ на американскиот пазар извезла вкупно 141.511 примероци од моделот „Југо“.Благодарение на извештајот со податоци за регистрации на автомобили за третиот квартал од 2021 година во Америка, може да се открие колку примероци од секој модел се правилно регистрирани на патиштата во САД. Меѓу нив е едно големо изненадување – Југо.Интересно е што се регистрирани дури 408 примероци, што на прв поглед е мала, но и голема бројка кога ќе се земе во предвид ликот на овој автомобил, пишува chicagoglasnik.com.Сепак, во последно време е се подобар со оглед на тоа што важи за олдтајмер и возило кое привлекува големо внимание каде и да се појави. Згора на тоа, многу Американци се обидуваат да укажат на фактот дека тоа не е најлошиот автомобил на сите времиња, иако се уште кружи низ медиумите во негативен контекст.За споредба, бројот на регистрирани „Југа“ е речиси ист со збирот на сите автомобили Рено, Ланчиа и Бугати заедно во САД.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања