„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ахв

meso

АХВ спроведе вонредни контроли во Куманово: уништени 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.За утврдените недоследности - продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо (плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-08-at-10.46.59

Имало пластика: Од продавниците се повлекува чоколаден бар Милка орео од 37 грама

Од продавниците се повлекува чоколаден бар Милка орео од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна.Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД Нелт.Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024.

Македонија | пред 1 година

ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Млекото и млечните производи се безбедни, тврди АХВ

По кој знае кој пат и вчера преку објавен ФБ статус, Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ се обиде да ја изманипулира и заплаши јавноста дека во опасност е доведено здравјето на потрошувачите поради неспроведената јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза. Како одговорна институција апелираме граѓаните да не подлегнуваат на политичките инсинуации на Трипуновски дека на пазарот ќе се пласираат небезбедно млеко и млечни производи поради нереализираната јавна набавка која е навреме објавена, а за која Државната комисија за жалби по јавни набавки е во фаза на одлучување по поднесена жалба, вечат од АХВ.„Одговорно тврдиме, безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен. Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата.Примарната контрола на здравствениот статус на животните на фармите ја имаат сточарите и тие водат сметка за ова. Ја почитуваат законската обврска секоја промена во здравствениот статус на животните да ја пријават до ветеринарните друштва или официјалните ветеринари.Суровото млеко кое влегува во процесот на производство задолжително термички се третира(стерилизира/пастеризира) со што се елиминира и можноста, млеко заразено со бактеријата бруцела да влезе во производството. Оваа бактерија со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ.На крајот, единствено за што е во право Трипуновски е неговото тврдење дека здравјето нема цена и затоа, неетички и неморално е од негова страна, исклучиво за политички цели, постојано да се игра и манипулира со него“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања