„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ахв

lana

АХВ го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“, кој беше отворен пред две години

По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар - прифатилиште за бездомни кучиња „Лана“ во Струмица.„Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција. Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња. Поради утврдените недоследности од страна на инспекциските служби, издадена е времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни“, велат од АХВ.Инаку стационарот беше отворен во февруари 2023 година. Во употреба го пушти градоначалникот Костадин Костадинов.„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денес општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња“, рече тогаш Костадинов.

Македонија | пред 7 месеци

meso999

Агенцијата за храна направи 617 вонредни контроли пред Велигден, најдени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници.„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна“, велат од АХВ.

Македонија | пред 8 месеци

ahv

И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ, истовремено 110 килограми небезбедна храна е уништена најдена при 43 контроли

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори. Цел на вонредните контроли во кујните беше контрола дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали и колку ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбеднсот кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната. Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната. За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

Македонија | пред 10 месеци

popova-shapka

АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни граѓаните во овој период од годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрацијаКај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Македонија | пред 11 месец

meso-mesarnici

14 казни: под лупа на инспекторите и месарниците во земјава

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот,официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.

Македонија | пред 11 месец

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

АХВ ги контролира пакетчињата: во две најдени производи со изминат рок на траење

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет.Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

Македонија | пред 1 година

market

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ставен ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.„Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама“, велат од Агенцијата.Од АХВ апелираат и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Македонија | пред 1 година

market-4

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти - мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

Македонија | пред 1 година

ohrid

Инспекторите уништија 366 килограми небезбедно месо во кафеана во Охрид

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми.Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна, извести АХВ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-133444

Спречен нелегален транспорт на телиња

Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните, извести Агенцијата за храна и ветеринарство.При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 година

meso

АХВ уништи педесетина килограми небезбедна храна во Крива Паланка, прекршочни платни налози за маркет и гостилница

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесетина килограми небезбедна храна.За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна (подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-08-111632

Апел од АХВ до граѓаните: Да не известат ако пронајдат угината птица од водните видови

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи ,не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-31-at-14.22.59

Уште еден случај на птичји грип во Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на присуство на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс „Свети Јован“ во скопско Злокуќани. Како што информираа од АХВ, било направено и лабораториско тестирање на две живи птици (лебеди) кои биле негативни на вирусот, а се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот кај кои ќе се врши лабораториско тестирање.„АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни и контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање за утврдување на присуство на птичји грип. Наредено е спроведување на дезинфекција на одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар“, се наведува во соопштението на АХВ.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-25-142940

Вонредна инспекциска контрола на скопскиот пазар за стари работи, запленета околу сто килограми небезбедна храна

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари.Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.Апелираме до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

Македонија | пред 1 година

zoo

АХВ во ЗОО, институцијата затворена: се проверува сомнежот за присуство на птичиј грип

Агенцијата за храна и ветеринарство од утрово е во скопската Зоолошка градина. Од таму се земаат примероци за испитување, со цел, проверка дали има присуство на птичиј грип.Инспекторите ја испразниле зоолошката, со цел да се извршат сите проверки, па да се потврдат или негираат сомнежите за ова заболување кое се пренесува на луѓето.„Скопје1“ побара став од директорот на ЗОО, Зоран Попов, кој не одговара на пораката. До овој момент, нема информација ниту од Град Скопје, под чии ингеренции е Зоолошката градина.Исконтактиравме и со Оливер Миланов, директор на АХВ, кој е на лице место, но во моментот не ни одговори на позивите.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања