Промени тема
Контакт

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
media-libraryort2c1tf3b8u0b7KRft

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка", спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.

— реклама —

Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба - екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.

— реклама —

Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка".

На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.

— реклама —

Овој случај силно нè потсетува дека:

  • Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување".

  • Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.

  • Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.

  • Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.

Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3afm3v8mgsi91aQ2gHv

(Видео) Се вратила од болница со гипс на ногата, а кучето веднаш почнало да ја имитира како оди

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryuonic49orrfhbu5y3fJ

(Видео) Го разделиле од најдобрата другарка, од тага не сакало ни да јаде, па сопствениците ја вратиле назад

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryieaocurtv05gbqs2eHu

(Видео) Најслаткиот продавач на зеленчук: Кучето ја презеде грижата за тезгата додека газдата го немаше

Вирално | пред 2 седмици

media-library01q0l750346o1P9y8R0

(Видео) Работник со багер му направи засолниште на куче од поројниот дожд

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања