„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

АХВ затвори 9 новогодишни куќарки во Струга поради сериозни хигиенски пропусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5oa7gdukklokdK76i2X

Агенцијата за храна и ветеринарство – Агенција за храна и ветеринарство спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки лоцирани во градската чаршија во Струга, при што издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.

Контролата била извршена на 22 декември, а инспекторите утврдиле сериозни неправилности во работењето. Во куќарките работеле физички лица кои не ги исполнувале минималните санитарно-хигиенски стандарди пропишани со закон.

— реклама —

Меѓу утврдените пропусти се наведува дека објектите не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а лицата кои подготвувале и продавале храна немале извршено задолжителни здравствено-санитарни прегледи. Дополнително, не биле почитувани ниту правилата за Добра производствена и Добра хигиенска пракса.

— реклама —

На угостителите им се изречени парични казни во износ од по 200 евра во денарска противвредност, а истовремено им се издадени и налози за задолжителна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.

— реклама —

Од АХВ информираат дека решенијата за времена забрана за вршење на дејност ќе останат во сила сè додека не бидат исполнети сите законски и хигиенски услови за безбедно работење.

Од Агенцијата апелираат до сите оператори со храна да ги почитуваат пропишаните стандарди, особено во периоди на зголемена фреквенција на граѓани, со цел заштита на здравјето на потрошувачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 4 дена

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 3 седмици

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 1 месец

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања