Промени тема
Контакт

Стопиран увоз на замрзнато пилешко на Ќафасан поради ризик од птичји грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
pilesko-meso

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спречија влез на пратка од над 26 тони небезбедно замрзнато пилешко месо на македонскиот пазар, со што беше избегнат потенцијален ризик по здравјето на граѓаните и домашниот живинарски фонд. Пратката била стопирана на граничниот премин Ќафасан и веднаш вратена во земјата на потекло – Бразил.

Според информациите од АХВ, станувало збор за замрзнат пилешки батак без коска, спакуван во 2.167 пакувања од по 12 килограми, што вкупно изнесува повеќе од 26 тони месо наменето за увоз во земјава. При извршената контрола, официјалните ветеринари утврдиле дека пратката не ги исполнува пропишаните ветеринарно-здравствени услови.

— реклама —
— реклама —

Причината за забраната е поврзана со мерките за заштита од високо патогена авијарна инфлуенса, односно птичји грип. Увозот бил во спротивност со важечкото решение со кое е забранет увоз на живи животни и производи од животинско потекло од Бразил, доколку тие потекнуваат од животни кои биле заклани, натоварени или сертифицирани пред 1 август 2025 година. Бидејќи спорната пратка спаѓала во овој забранет временски период, таа автоматски била оценета како ризична.

— реклама —

По констатирањето на неправилностите, инспекциските служби на АХВ донеле решение за целосна забрана на увоз, а пратката била вратена кај извозникот. Од Агенцијата нагласуваат дека контролите на граничните премини се засилени и дека нема компромис кога станува збор за безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1utdbj34k1ql5vkxb41

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Македонија | пред 1 месец

ovci

Сипаници кај овци и кози: АХВ спроведува контроли, се разгледува можноста за вакцинација

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd822mp5i86b1fpABN3C

Фрлил цело легло мачиња во парк, па доби казна од 550 евра: Изречена првата казна за напуштање новородени животни во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања