Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

АХВ заплени и уништи 37 тони храна со истечен рок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarynk24rjile12t5kTyblK

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредна контрола кај оператор со храна, при што беа запленети и уништени околу 37 тони храна и тоа јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Производите биле без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.

— реклама —

За утврдените прекршоци, операторот доби времена забрана за работа, парична казна и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности.

— реклама —
— реклама —

Покрај тоа, АХВ спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна, како месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. При проверките беа утврдени различни недоследности, како што се: нерегистрирани оператори со храна, непроведени задолжителни обуки за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично. За овие прекршоци, одговорните лица и операторите добија парични казни и времени забрани за работа.

— реклама —

„Сите затекнати недостатоци мора да бидат отстранети, а небезбедната храна е нештетно уништена”, соопшти АХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Поевтинуваат житарките, месото и млекото, цените на храната на светскиот пазар паднаа за 1,2 отсто

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Нов бран поскапувања на храната во Европа, свежите производи најмногу погодени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Македонија | пред 2 седмици

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања