Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија е меѓу европските земји со најниски цени на прехранбените производи, покажува анализата на „Еуроњуз“. Кошница со 18 основни производи кај нас чини 43,90 евра, додека просечната цена во Европската Унија изнесува 69,84 евра.

— реклама —

Според индексот на цените на храната, Македонија има вредност од 59,8, што е значително под просекот на ЕУ, поставен на 100. Поевтина храна има само во Молдавија, со индекс од 57,2. Меѓу земјите со пониски цени се и Босна и Херцеговина, Србија и Романија.

— реклама —

На спротивниот крај е Швајцарија, каде што истата кошница чини 137,90 евра. Високи цени има и во Норвешка, Луксембург, Австрија и Данска. Меѓу најголемите европски економии, Франција е најскапа, со кошница од 87,40 евра.

— реклама —

Сепак, пониските цени не значат автоматски дека храната е подостапна за граѓаните. Анализата предупредува дека за реална споредба треба да се земат предвид и приходите, односно колкав дел од месечните примања се троши за основните потреби за исхрана.

Врз цените влијаат повеќе фактори, меѓу кои трошоците за работна сила и енергија, транспортот, складирањето и локалните економски услови. Затоа, иако Македонија е меѓу земјите со најевтина храна според номиналните цени, тоа само по себе не покажува колку лесно домаќинствата можат да ги покријат трошоците за исхрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 1 седмица

media-libraryqg1a9engomct2rP8mPz

Мафини од тиква со чоколадо: Едноставен есенски десерт што освојува со вкусот

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryeiej90mp0n0tfk97PTK

Пченицата, пченката и шеќерот поскапуваат: нов притисок врз цените на храната

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања