Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Поевтинуваат житарките, месото и млекото, цените на храната на светскиот пазар паднаа за 1,2 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Свет
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

По достигнувањето на највисокото ниво во последните четири години, светските цени на храната бележат благо намалување. Според најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), падот во октомври главно се должи на пониските цени на житарките, месото и млекото.

— реклама —

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во октомври изнесувал 133,9 поени, што е за 1,2 отсто помалку во споредба со септември.

— реклама —

Најизразен пад е забележан кај житарките. Нивниот индекс се намалил за 4,5 отсто, достигнувајќи 116,8 поени, што е за 12,6 отсто под нивото од октомври 2025 година.

Цената на пченицата се намалила по четири последователни месеци на раст, главно поради послабата меѓународна побарувачка, подобрите изгледи за производство во Аргентина и очекувањата за поголем извоз од регионот на Црното Море. Пониски биле и цените на пченката, јачменот и сиракот.

— реклама —

ФАО наведува дека очекувањата за олеснување на ограничувањата во извозот преку Црното Море дополнително придонеле за падот на цените. Сепак, нарушувањата во логистиката во тој регион го ограничиле намалувањето.

— реклама —

Индексот на цените на месото во октомври се намалил за 1,2 отсто, на 125,5 поени. Пониски биле цените на свинското, овчото и говедското месо, додека цената на живинското месо останала непроменета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Нов бран поскапувања на храната во Европа, свежите производи најмногу погодени

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Македонија | пред 1 седмица

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Свет | пред 2 седмици

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања