Промени тема
Контакт

АХВ со апел: Строга хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.

„Преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. Ако во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, сè до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред сè по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води“, се наведува во препораките на АХВ.

— реклама —
— реклама —

Во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува ваквата храна да се фрли.

— реклама —

„Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи. Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна. Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1utdbj34k1ql5vkxb41

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Македонија | пред 1 месец

ovci

Сипаници кај овци и кози: АХВ спроведува контроли, се разгледува можноста за вакцинација

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd822mp5i86b1fpABN3C

Фрлил цело легло мачиња во парк, па доби казна од 550 евра: Изречена првата казна за напуштање новородени животни во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања