Промени тема
Контакт

Незаконски дневници и потпишани решенија: Кривична пријава за поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryaerafspo16035KL9Pb8

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), неговиот заменик и неколку вработени, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и проневера на буџетски средства.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против лицето З.А., поранешен директор на АХВ, е поднесена пријава за „проневера во службата“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.
За истото кривично дело, во форма на помагање, се пријавени и Ф.М., поранешен заменик директор, како и Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во институцијата.

— реклама —

Истражните органи утврдиле дека во периодот од 2017 до 2020 година, поранешниот директор З.А. во повеќе наврати противправно прибавувал парични средства доделени за службени патувања во странство.
Наместо дозволените 20% дневници, согласно важечката уредба за службени трошоци, тој примал по 50% дневници, иако трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.

Според пријавата, заменик-директорот Ф.М. со потпишување на решенијата за службени патувања му овозможил на директорот незаконски да ги наплати повисоките износи, додека Л.А., А.Р. и Е.Т. подготвувале службени решенија спротивно на уредбата.
Потоа, А.Б. и А.Б. ги одобрувале исплатите иако, според МВР, знаеле дека документите не се законски изготвени.

— реклама —

На овој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка, а истрагата ќе продолжи за да се утврди целосната одговорност на сите инволвирани лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library854ovto3khvkaTZCBIY

Полицијата приведе 19 возачи: 10 биле пијани, а осум без возачка дозвола

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
101013308-147590

17-годишна девојка загина во сообраќајка кај Битола, четворица тешко повредени

Македонија | пред 4 часа

media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Швајцарка уапсена во Куманово, попречувала полицајци при службени дејствија

Македонија | пред 5 часа

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Пијан Мексиканец уапсен во Ѓорче Петров: Нападнал полицаец со тврд предмет

Скопје | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања