Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

БОЈАН СТОЈАНОСКИ

media-libraryau5m35dn1qmn1O9waO7

Стојаноски: Законското решение за намалување на коефициентите на избраните и именуваните функционери е согласно Устав, платите се намалуваат за над 10.000 денари

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални висини на плати“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Устав и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.„Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот, и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд“, рече Стојаноски и додаде:„Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец. За пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари“.

Македонија | пред 5 часа

media-librarytmh2df0h2kjoakhil8h

Со предложените законски измени платите на функционерите се намалуваат за 10–13 илјади денари, вели Стојаноски

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на именуваните лица во државата. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, очекува овие предлог-закони, поднесени по скратена постапка, да бидат усвоени во најбрз можен рок.– Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата. Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите со што се обезбедува рационално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија – рече Стојановски.Со предложеното намалување на коефициентите, ќе се опфатат платите на јавните функционери – вклучително пратеници, министри, судии, јавни обвинители и членови на судскиот и јавно-обвинителскиот совет. Со овие измени платите ќе се нивелираат, што практично значи дека ќе се намалат во износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции ова намалување е дури и поголемо.– За пратениците и функционерите во извршната власт, ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар. За судиите и за јавните обвинители, предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да соодветствуваат со реалните економски можности на државата. За градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти зависно од бројот на жители во општините – објасни Стојаноски.Пакетот закони ги опфаќа Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија.– Средствата што ќе бидат заштедени со ова намалување, кое започнува веќе со исплатата на февруарската плата, ќе останат во буџетот и ќе можат да се пренаменат за проекти кои се од директна корист за граѓаните, за подобро здравство, подобро образование и социјална помош. Повикуваме на широка поддршка во Собранието. Ова не е прашање на партиска припадност, туку прашање на морал и етичка одговорност пред граѓаните кои нè избрале – рече тој.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања