Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Со предложените законски измени платите на функционерите се намалуваат за 10–13 илјади денари, вели Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-librarytmh2df0h2kjoakhil8h
ФБ

Група пратеници поднесоа измени на шест закони за платите на избрани и именувани лица, по скратена постапка, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови. Се намалуваат коефициентите за пратеници, министри, судии, обвинители и советите, што значи намалување на платите за 10.000–13.000 денари или повеќе. За градоначалниците се предлага нова скала според број на жители. Заштедите, од февруарската плата, би се пренамениле за здравство, образование и социјална помош.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на именуваните лица во државата. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, очекува овие предлог-закони, поднесени по скратена постапка, да бидат усвоени во најбрз можен рок.

— реклама —

– Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата. Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите со што се обезбедува рационално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија – рече Стојановски.

Со предложеното намалување на коефициентите, ќе се опфатат платите на јавните функционери – вклучително пратеници, министри, судии, јавни обвинители и членови на судскиот и јавно-обвинителскиот совет. Со овие измени платите ќе се нивелираат, што практично значи дека ќе се намалат во износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции ова намалување е дури и поголемо.

— реклама —

– За пратениците и функционерите во извршната власт, ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар. За судиите и за јавните обвинители, предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да соодветствуваат со реалните економски можности на државата. За градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти зависно од бројот на жители во општините – објасни Стојаноски.

Пакетот закони ги опфаќа Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

– Средствата што ќе бидат заштедени со ова намалување, кое започнува веќе со исплатата на февруарската плата, ќе останат во буџетот и ќе можат да се пренаменат за проекти кои се од директна корист за граѓаните, за подобро здравство, подобро образование и социјална помош. Повикуваме на широка поддршка во Собранието. Ова не е прашање на партиска припадност, туку прашање на морал и етичка одговорност пред граѓаните кои нè избрале – рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryau5m35dn1qmn1O9waO7

Стојаноски: Законското решение за намалување на коефициентите на избраните и именуваните функционери е согласно Устав, платите се намалуваат за над 10.000 денари

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања