Промени тема
Контакт

Стојаноски: Бројки и факти наспроти кампања на талогот и „економски експерти“ од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqj52gku6lvqn9JkiYrZ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку објава на Фејсбук ги отфрли критиките на СДСМ за економските политики на Владата, наведувајќи дека официјалните економски показатели покажуваат позитивни трендови.

Стојаноски посочува дека, според податоците на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јули 2026 година се намалила на 2,3 проценти, при што, како што наведува, од април до јули е забележан континуиран пад.

— реклама —

Во објавата тој истакнува дека во првата половина од годинава извозот пораснал за околу осум проценти, индустриското производство за 6,5 проценти, преработувачката индустрија за 7,9 проценти, а бруто-домашниот производ во првиот квартал бележи раст од 3,1 процент. Според него, намалена е и стапката на невработеност, додека буџетските приходи бележат раст.

— реклама —
— реклама —

Стојаноски оценува дека овие показатели покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока и ја обвинува СДСМ дека во јавноста пласира, како што наведува, неточни тврдења за економската состојба во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryau5m35dn1qmn1O9waO7

Стојаноски: Законското решение за намалување на коефициентите на избраните и именуваните функционери е согласно Устав, платите се намалуваат за над 10.000 денари

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarytmh2df0h2kjoakhil8h

Со предложените законски измени платите на функционерите се намалуваат за 10–13 илјади денари, вели Стојаноски

Македонија | пред 6 месеци

545430717_1320837866336166_1810243248184777504_n

Ѓорѓиевски: Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нé препознаваат по работа и резултати

Скопје | пред 1 година

bojan1

„Шансата е потрошена“ - пратеникот Стојаноски за интерпелацијата на Коцевски

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања