Веќе стигнуваат првите реакции на социјалните мрежи во однос на пишувањата за интерпелацијата за првиот човек на обвинителството. Пратеникот во македонскиот парламент од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објавувајќи пост на ФБ, цени дека јавниот обввинител, Љупчо Коцевски си ја потрошил шансата.
Време е за правдата да ги стигне тие кои што се огрешиле пред законот.
Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата.
Правда ќе има !