Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

БРИТАНИЈА

evrovizija

Евровизија нема да се одржи во Украина, еве која земја ќе биде домаќин

Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.-Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-06-06-at-09.10.10

(ФОТО) Принцот Луи е хит во Македонија!

Принцот Луи е хит на Твитер откако неколку денови по ред ја освојува јавноста со слатките реакции за време на големата парада по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.Ова се дел од мемињата кои се појавија на твитер изминатите денови.https://twitter.com/Bouqet100/status/1533041573239345153?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533043987598172160?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/SicarioMK/status/1532675449549209601?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533341271091204097?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533210398706606080?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533209526907850754?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533202239510220801?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533044649161637888?s=20&t=o9j68YtpeMXEwebDE7dUbwhttps://twitter.com/sophie_marigold/status/1532427290944086017?s=20&t=YZkox8UInIYGDmra2HLPBg 

Коментари | пред 3 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Ким и честиташе на кралицата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ го честиташе 70-тиот роденден на британската кралица Елизабета Втора.Министерството за надворешни работи на Северна Кореја на својата веб-страница објави дека Ким во пораката им честитал на кралицата и на Британците, но не соопшти повеќе детали, пренесува АП.Северна Кореја и Британија воспоставија дипломатски односи во 2000 година и одржуваа амбасади и покрај постојаниот пад на билатералните односи.Односите на Северна Кореја со Западот се влошија во последните години бидејќи Пјонгјанг го забрза развојот на нуклеарно оружје.Северна Кореја ја критикува Британија за поддршката на меѓународните санкции против Пјонгјанг воведени поради нејзините нуклеарни амбиции и состојбата со човековите права.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања